Дел од жителите на улицата „Џон Кенеди“ денеска од 8:30 часот ќе останат без вода, додека населбата Топанско Поле ќе се соочи со намален притисок во водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е поради изведување водоводен приклучок Ф-250 на Ф-125 милиметри на улицата „Ферид Заири“ бр. 12.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин до целосно завршување на работните активности, информираат од претпријатието.

