Повеќе скопски населби и улици денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Прекините ќе се одвиваат во различни временски интервали, а ќе бидат опфатени делови од општините Гази Баба и Чаир, како и населеното место Ржаничино во општина Петровец.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, првиот прекин е најавен од 8:30 до 11:30 часот. Без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Среќко Пужалка“ и „Товарник“, како и корисниците кои се напојуваат од трафостаницата „Стрелиште Камник“ во Гази Баба.
Во Чаир, од 8:35 до 11:35 часот, прекин во снабдувањето ќе има на дел од улиците „Архиепископ Доситеј“ и „Павле Илиќ“.
Од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат жителите на улицата 4 број 1 и околните куќи во Ржаничино, општина Петровец.
Подоцна во текот на денот, од 11:55 до 15 часот, прекин е најавен за дел од корисниците на улиците „Методија Митевски“ и „Петра Ичко“ во Чаир.
Во Гази Баба, пак, од 12 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Модест Мусоргски“, „Карл Хром“ и „Карл Либнехт“.
Од ЦУК посочуваат дека прекините се поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа.

