Бајден ветува помош на Бугарија и Полска за гас

 

Претседателот на САД Џозеф Бајден при денешното обраќање во Белата куќа рече дека се разговара како да им се помогне на Бугарија и Полска, откако Русија ги прекина испораките за овие земји.

Како што наведе, САД би можеле да ја пренасочат продажбата на природен гас за да помогнат.

– Полска посочи дека има значителни резерви на гас, како и Бугарија, но не толку. Работевме со сојузниците од Јапонија и може да ја пренасочиме продажбата на природен гас од тие земји кон Полска и Бугарија. Тоа е се што можам да кажам во моментов – рече тој.

Да потсетиме, рускиот енергетски гигант Газпром вчера објави дека целосно ја прекинал испораката на гас за Бугарија и Полска бидејќи не вршеле плаќања во рубли за испорачаното гориво.

Руската гасна компанија предупреди дека Бугарија и Полска се транзитни земји, поради што „во случај на нелегално вадење на руски гас од транзитни количини за трети земји, испораките во транзит ќе се намалат за извлеченото количество“.

 

28.04.2022 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега