Author: Author 04

Најновите податоци на Народната банка потврдуваат дека недвижностите во главниот град продолжуваат со вртоглав раст. Во четвртиот квартал од минатата година, цените на становите во Скопје поскапеле за неверојатни 25 проценти на годишно ниво. Статистиката покажува континуиран нагорен тренд во текот на целата измината година, при што третиот квартал исто така бележеше раст од 25,1%. Колку е сериозна состојбата на терен покажуваат податоците од Катастарот: И покрај овие високи суми, побарувачката за станови останува висока, што дополнително го подгрева пазарот на недвижности во Скопје.

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска информираше дека Македонија се подготвува за врвот на сезоната на грип, кој се очекува да настапи во наредните две до три недели. Иако во моментов бројот на заболени не е алармантен во споредба со минатите години, сепак се очекува зголемен притисок врз здравствените установи во претстојниот период. Како клучна одбрана, министерот ја истакна вакцинацијата, откривајќи дека оваа година е постигнат рекорд во интересот на граѓаните. „Задоволство ми е да информирам дека оваа година првпат 77.000 граѓани веќе се вакцинираа против грип. Тоа е најдобриот пристап за да се креираат услови за телото да биде…

Повеќе

Утре (06.01.2026), по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде…

Повеќе

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес од Новаци, најави дека управувањето со отпадот и намалувањето на аерозагадувањето се меѓу врвните приоритети на неговиот мандат. Во таа насока, денес започна  реализацијата на регионалниот модел за управување со отпад, со инвестиција од околу 11 милиони евра во опрема за селекција и транспорт.‘Проектот ќе опфати над 400.000 граѓани од 18 општини во Пелагонискиот и Југозападниот регион и е директно поврзан со идниот регионален центар за управување со отпад во Новаци, како и со претоварните станици во Прилеп, Охрид, Кичево и Дебар’, изјави Хоџа, додавајќи дека 2026 година ќе биде…

Повеќе

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против С.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, управник на одморалиште на МВР во Охрид, во периодот од 02.02.2025 до 05.02.2025 и од 21.05.2025 до 26.05.2025 евидентирал дека вработената Ј.И. – готвач во одморалиштето доаѓала на работа и извршувала работни активности, иако таа била надвор од границите на државата. Пријавениот, исто така, во периодот од 28.05.2025 до 30.11.2025 евидентирал дека вработената…

Повеќе

Вчера во 11:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на локалниот пат во с.Дурачка Река, кривопаланечко, кај место викано „Мушкаричина бавча“, 83-годишниот К.М. од с.Кошари, кривопаланечко, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на Судска медицина за обдукција, а увид извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка.

Повеќе

Ноќеска во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, заедно со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова денеска го најавија стартот на имплементацијата на системот Е-фактура, оценувајќи го како значајна реформа во јавните финансии и сериозен чекор во борбата со сивата економија. „Борбата против сивата економија, односно нејзиното формализирање, е приоритет на Владата и дел од четиригодишната програма. Проценките на Светската банка, ММФ и Европската комисија укажуваат дека сивата економија во земјава изнесува околу 30 проценти од БДП, што е над просекот на Европската Унија. Затоа ни е потребен системски пристап, со мерки што ќе бидат од заеднички интерес и за државата…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави сериозно заострување на казнената политика за нелегална трговија и употреба на пиротехника. Тој изрази незадоволство што и покрај превентивните кампањи, скопските улици се преплавени со петарди, а најави и чистка во сопствените редови по шокантното откритие во СВР Велес. Министерот потврди дека полициски службеник бил дел од криминална група која нелегално внесувала и транспортирала пиротехнички средства во државата. „Индициите и доказите до овој момент се во насока на она што е веќе споделено – дека полицискиот службеник учествувал во нелегални дејствија поврзани со внесување и транспорт на пиротехника. Мораме да ги санкционираме сите…

Повеќе

Претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, на денешната вонредна седница најави итна акција за заштита на најмладите. Тој информираше дека Советот веќе набавил прочистувачи за воздух кои ќе бидат дистрибуирани во текот на овој месец. „Овој Совет изгласа да се купат прочистувачи за воздух за 400 училници во средните училишта во Скопје. Тие се набавени и ќе бидат дистрибуирани во текот на овој месец. Првата битка е итно да обезбедиме чист воздух во просториите каде престојуваат ранливите групи“, истакна Димитровски. Според него, за подобар квалитет на воздухот во градинките, училиштата и болниците, неопходно е итно обезбедување соодветна вентилација…

Повеќе