Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Измерени 9 степени во 17 часот во Македонија – еве каде беше најтопло
    • Тошковски на конференцијата „Безбедност 2030“ во Охрид: Безбедносните предизвици не се решаваат со стари методи
    •  Во недела е тежок празник и строг пост
    • Страшна несреќа во соседството: Автобус се судри со автомобил на автошкола, меѓу повредените и деца
    • Земјотрес ја погоди Црна Гора
    • Лоши вести за возачите: Нафтата драстично скокна
    • Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина
    • Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Крај за хартиените документи и даночните затајувања: Стартува системот „Е-фактура“

    Крај за хартиените документи и даночните затајувања: Стартува системот „Е-фактура“

    05.01.2026 во 14:55Updated:05.01.2026 во 14:583 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, заедно со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова денеска го најавија стартот на имплементацијата на системот Е-фактура, оценувајќи го како значајна реформа во јавните финансии и сериозен чекор во борбата со сивата економија.

    „Борбата против сивата економија, односно нејзиното формализирање, е приоритет на Владата и дел од четиригодишната програма. Проценките на Светската банка, ММФ и Европската комисија укажуваат дека сивата економија во земјава изнесува околу 30 проценти од БДП, што е над просекот на Европската Унија. Затоа ни е потребен системски пристап, со мерки што ќе бидат од заеднички интерес и за државата и за бизнис-заедницата. Таа има силно влијание не само врз прибирањето на приходите во Буџетот, туку и врз реализацијата на проекти за подобро здравство, образование, социјална заштита, иновации и економски раст“, истакна на прес-конференција минитерката за финансии.

    Таа потенцира дека дигитализацијата на процесите во Управата за јавни приходи, како и во другите институции, е клучна за зголемување на ефикасноста и во прибирањето, и во трошењето на буџетските средства.

    „Е-фактурата е дел од нашите напори за дигитална трансформација на јавните финансии. Упатувам честитки до Управата за јавни приходи за спроведувањето на оваа значајна реформа, која носи бенефит за државата преку намалување на сивата економија, но и значајни придобивки за економијата и за компаниите“, истакна Димитриеска-Кочоска.

    Како што појасни новиот електронски систем ќе ги замени традиционалните процеси поврзани со обемна употреба на хартија и физички документи  и дека со тоа се намалува административниот товар и се поедноставува работењето на фирмите.

    Според министерката преку дигитализацијата и ослободувањето од бројни административни обврски им се овозможува на компаниите своите ресурси да ги насочат кон клучните аспекти на нивниот развој и раст.

    „Со Е-фактурата ја правиме економијата пофер, потранспарентна и поотворена за инвестиции, а конкуренцијата ја подигнуваме на повисоко ниво. На овој начин обезбедуваме фер услови за работа и основа за одржлив економски раст, кој директно придонесува за подобрување на животниот стандард на граѓаните.Од друга страна, за државата, Е-фактурата ќе овозможи поефикасна наплата на даноците, заснована на точни и реални податоци, како и поцврста и попрецизна борба против сивата економија“, рече министерката за финансии.

    Таа потенцира дека воведувањето на Е-фактурата е дел од системскиот пристап на Владата во справувањето со неформалната економија, пристап кој ја зголемува транспарентноста и ја зајакнува довербата меѓу даночните органи и деловната заедница. Тоа е пристап, како што наведе, со кој градиме партнерство за поздрава и поконкурентна економија, со повисоки стапки на раст, повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати.

    Наведувајќи дека Е-фактурата не е само техничко решение, туку темел на современа и одговорна економија, истакна дека таа ќе овозможи  државата да располага со навремени и точни податоци за носење квалитетни и одржливи економски политики во корист на граѓаните и стопанството.

    На прес-конференцијата најави и дека во Министерството за финансии отпочнати се активности за воведување  нов механизам за независна и објективна проверка на примената на даночната регулатива во конкретни даночни постапки, со кој ќе се обезбеди правичен и фер однос, сигурност за даночните обврзници, оневозможување субјективизам во одлучување на даночните инспектори и намалување на споровите кои се разрешуваат во судски постапки. Дополнително заедно со УЈП ќе се отпочне и со дизајнирање на внатрешен механизам за контрола на квалитет во рамки на самата управа.

    Прочитај повеќе

    Измерени 9 степени во 17 часот во Македонија – еве каде беше најтопло

    24.09.2026 во 20:09

    Тошковски на конференцијата „Безбедност 2030“ во Охрид: Безбедносните предизвици не се решаваат со стари методи

    24.09.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.