- Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
- 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
- Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
- Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
- Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
- „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
- Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
- Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
Author: Author 04
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната вонредна седница на Советот посветена на загадувањето, упати јасна порака – нема повеќе толеранција за тие што го трујат воздухот. Во изминатите два месеци, инспекциските служби спровеле вистинска офанзива на терен, казнувајќи правни и физички лица со високи глоби. Највисоката изречена казна за еколошки прекршок изнесува вртоглави 53.000 евра, а инспекторите извршиле над 45 вонредни надзори во кругот на поранешните фабрики ОХИС и Стаклара, како и во општина Сарај. Биланс на инспекциските контроли (6 ноември – 1 јануари): „Овој проблем бара посветеност и заедничка одговорност. Загадувањето не е создадено од сегашниот систем,…
Делови од Берлин веќе трет ден се борат со енергетски колапс откако екстремистичката група „Вулкангрупе“ (Vulkangruppe) ја презеде одговорноста за нападот врз електроенергетската мрежа. Во писмото објавено онлајн, групата тврди дека нивна цел била фосилната индустрија и „владејачката класа“, но акцијата остави 45.000 домови и над 2.200 бизниси без струја и греење на температури под нулата. Групата, која претходно беше поврзана и со нападот врз фабриката на „Тесла“ во 2024 година, испрати саркастично извинување до посиромашните граѓани, додека изрази „нулта симпатија за сопствениците на вили“. „Станува збор за чин на саботажа кој директно загрозува човечки животи. Неприфатливо е левичарски екстремисти…
Државната изборна комисија ги заокружува подготовките за повторените локални избори кои ќе се одржат на 11 јануари (недела). На денешната седница беа донесени клучни одлуки за транспорт на доверливиот материјал до општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. За непречено одвивање на процесот, ДИК одобри авансни средства за вработените и лицата ангажирани за транспорт, вклучувајќи ги и припадниците на МВР кои ќе ги обезбедуваат гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список. „Овие средства се наменети за достава на доверливиот изборен материјал, но и за дистрибуција на уредите за биометриска идентификација на гласачите до сите избирачки места во овие…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги демантираше информациите кои се проширија на социјалните мрежи дека е украдена камера од системот „Безбеден град“ во општина Сарај. Според него, станува збор за свесно ширење лажни факти за привлекување внимание. „Не, не е украдена. За жал, има многу портали и страници на социјалните мрежи кои со лажни факти се обидуваат да привлечат внимание од различни интереси – политички, бизнис или други“, изјави Тошковски на прес-конференцијата со министерот за здравство. Тој потенцираше дека проектот продолжува со силна поддршка од јавноста и дека неговата цел е исклучиво подигнување на безбедноста според европски стандарди.
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2025 година. Исплатата се однесува на следните права: Гарантирана минимална помош Гарантиран Детски додаток Додаток за социјално домување Еднократна парична помош Еднократна парична помош за новороденче Образовен додаток Образовен додаток – студирање Родителски додаток за трето дете Социјална сигурност за стари лица Траен надоместок Цивилна инвалиднина Сместување во згрижувачко семејство. Исплатата на правата: Посебен додаток, Парична помош за попреченост и Туѓа нега ќе се изврши дополнително. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да…
Обилни снежни врнежи ја парализираа Романија, оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија и одземајќи два човечки животи. Најкритична е состојбата во окрузите Алба, Муреш и Сибиу, каде дефектите во електроенергетската мрежа се најбројни, потврдија од Министерството за енергетика. Трагични вести доаѓаат од планинските предели каде спасувачките служби водат вистинска битка со времето. „Ситуацијата во планините е исклучително комплицирана. Двајца туристи беа пронајдени мртви, а уште 97 лица беа спасени во последното деноноќие“, објави романската служба за планинско спасување Салвамонт. Властите издадоа портокалов код за опасно време за окрузите Караш-Северин, Мехединци, Горј и Хунедоара. Таму ветерот достигнува брзина до 90 км/ч,…
Снежното невреме кое ја зафати Босна и Херцеговина денеска зеде жртва во главниот град Сараево. Една жена го загуби животот откако бор висок над 10 метри падна директно врз неа, како последица на тежината од наталожениот снег. Инцидентот бил фатален за несреќната жена која се движела во близина на дрвото. Како што објави босанскиот сервис БХРТ, гранките на борот биле преоптоварени од влажниот снег, по што дрвото се скршило и паднало. „Жената претрпела смртоносни повреди на главата. Иако била итно пренесена во болница, таа починала кратко по приемот како последица на сериозноста на повредите“, пренесуваат локалните медиуми. Сараево денеска се…
Јавното претпријатие „Македонијапат“ упати апел до возачите за крајна претпазливост доколку патуваат кон Попова Шапка. На патниот правец од селото Лисец кон овој туристички центар е забележана појава на густа магла. Според информациите од теренот, видливоста на овој правец е намалена на само 40 метри, што значително го отежнува сообраќајот. Што се однесува до остатокот од државата, сообраќајот се одвива непречено и по претежно суви коловози. Сепак, од претпријатието предупредуваат на можна појава на поситни одрони на патните правци кои поминуваат низ клисури и усеци. Дежурните екипи на „Македонијапат“ се на терен и ја следат состојбата за да ги одржат…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,94% во однос на одлуката од 29.12.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит,.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 ден/кг и сега ќе изнесува 32,801 ден/кг.Од 06.01.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин…
Прашањето на македонскиот јазик и Планот за правата на заедниците не се тема на билатерални односи, велат од СДСМ. „Темата со македонски јазик во ЕУ е затврена и завршена. Македонија го има и првиот Договор со ЕУ потпишан на Македонски јазик. Договорот за Фронтекс го потпиша дури и Бугарија, со што македонскиот јазик е официјано признаен и во ЕУ. Зошто прашања со Бугарија за македонски јазик се отвораат сега кога се затворени во ЕУ? Како што веќе многупати кажавме, затоа што ВМРО намерно го стопира процесот на евроинтеграции и намерно измислува теми, како последната со Бугарија. Затоа што сака изолација…
