Author: Author 04

Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко нема да присуствуваат на првиот состанок на „Одборот за мир“, новата меѓународна организација основана од американскиот претседател Доналд Трамп. Настанот, кој треба да се одржи на 19 февруари во Белата куќа, ќе помине без двајцата лидери поради „згуснат распоредот“ и „логистички пречки“. Дмитриј Песков изјави дека Путин во моментов нема планирано патување во САД, додека од Кабинетот на Лукашенко се пожалија дека поканата стигнала предоцна, потенцирајќи ги и проблемите со санкциите кои го отежнуваат патувањето на претседателот. И покрај отсуството, Москва покажува интерес за проектот: „Путин неодамна најави дека Русија е…

Повеќе

Денеска (12.02.2026) со почеток од 12.00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на ул.„Димитрие Чуповски “ и ул.„Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Повеќе

Собранието на Косово на синоќешната вонредна седница, по речиси една година политички застој, ја избра новата Влада предводена од Албин Курти. Со 66 гласови „за“ и 49 „против“, Курти го официјализираше својот трет мандат на чело на извршната власт. Во своето експозе, Курти најави амбициозна агенда со фокус на економијата и безбедноста. „Во следните четири години ќе инвестираме милијарда евра во одбраната, ќе развиваме сопствена воена индустрија и ќе произведуваме борбени дронови ‘Made in Kosovo’“, истакна Курти пред пратениците. Против новата влада гласаа опозициските ДПК, ДСК, ААК и Српска листа, кои упатија остри критики за големината на кабинетот и наводното…

Повеќе

Од ЕВН известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: – од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода; – од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште; – од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.

Повеќе

Покрај тоа што си имаат и посебни празници светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат и еден заеднички празник. На 12 февруари според новиот, односно на 30 јануари според стариот календар, нашиот народ го празнува празникот на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст. Многумина не знаат за кои светители станува збор, но знаат дека тоа се значајни личности што страдале за Христовата вера. Во некои места, пак, се раскажува дека тие „заедно душа дале за христијанството“. Некаде народното верување отишло уште подалеку. Во Охрид, како што запишал Е. Спространов, „Три стопци“, наместо…

Повеќе

Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, а вредноста на синдикалната кошница одамна надмина 66 илјади денари, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, велат од СДСМ. „Работниците протестираат за достоинствени плати на улиците, за да можат да ги платат сметките и да обезбедат храната а Владата ги игнорира и најавува купивање нов авион.  Ова е навреда за секој чесен работник, за секое семејство кое се бори со тешкото секојдевие, со високите трошоци и поскапувањата. Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го блокираат законското решение на СДСМ во Собранието за 600 евра минималната плата и поддршка…

Повеќе

На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026. На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

Повеќе

Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис Македонија. Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план за како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола. Поради фаворизирањето на тоа кој…

Повеќе

Министерот за европски прашања и прв заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер, на која беа разгледани тековните реформски процеси и соработката со австриските партнери. Во разговорот беше нагласено значењето на континуираната поддршка од Австрија за европската интеграција на Северна Македонија, како и усогласеноста на австриската развојна соработка со националните реформски приоритети. Министерот Сали информираше за тековните активности поврзани со спроведувањето на Реформската агенда и подготовките за отворање на преговарачките кластери, со посебен акцент на владеењето на правото, реформата на јавната администрација и подобрувањето на институционалните капацитети. Соговорниците разговараа и за можностите…

Повеќе