- Филипче: Има незадоволство во ЗНАМ поради однесувањето на антинародна и криминална власт
- Ивица Дачиќ се бори за живот: Ставен е на респиратор
- 21-годишен скопјанец натепан во Гази Баба
- Синот на Балашевиќ, чека син
- Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава
- Македонија гласаше „за“ во ОН: Бараме итен и праведен мир во Украина
- Зеленски со остра порака: Јазот со Русија е преголем, пријателство нема да има уште долго
- Дилер од Охрид падна во рацете на полицијата
Author: Author 04
Општина Центар и Црвениот крст потпишаа договор за продолжување на соработката за користење на услугата за бесплатен транспорт до здравствените установи. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека станува збор за проект кој се покажа како значаен и корисен, и ги повика граѓаните кои имаат потреба од ваква услуга активно да ја користат. „Со овој проект им го олеснуваме животот на лицата со попреченост. За реализација на услугата, Општина Центар издвои 500.000 денари од сопствениот буџет, со цел да им го олесни пристапот до болниците и лекарите на граѓаните на кои тоа им е најпотребно“, посочи Герасимовски по средбата…
Екс-премиерот Никола Груевски упати низа тешки обвинувања за работењето на згаснатото СЈО, тврдејќи дека обвинителите незаконски приграбувале огромни суми пари од буџетот. Тој посочува дека додека вршеле политички прогон, обвинителите се енормно се богателе преку додатоци на плати и наместени тендери. „Јавното сведоштво на обвинителката на СЈО Лејла Кадриу потврди дека СЈО повеќе личело на штаб на СДСМ отколку на обвинителство, и дека правеле стратегија како мене и моите соработници да не престават како ѕверови кои крадат и убиваат, со цел политичка егзекуција. Истовремено токму тие правеле криминал, го газеле законот, вршеле притисок на судиите да им бидат соработници, да…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остри критики до лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, тврдејќи дека протестите и блоковите на улиците имаат чисто политичка заднина инспирирана од опозицијата. Според премиерот, јавноста наскоро ќе види докази дека лицата што ги блокираат улиците се всушност истакнати партиски активисти. Мицкоски смета дека опозицијата нашла застапник во Трендафилов за да ги скрие своите политички барања зад синдикалниот параван. „Тоа е легитимна стратегија ако мислат дека ќе ѝ нанесат штета на Владата, но ние ќе го докажеме спротивното. Минималната плата ќе биде покачена согласно законот, а со 99% од вработените веќе…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природа со отпад од член 230 од Кривичниот законик. Во периодот од 28.02.2025 до 09.07.2025 година, обвинетите незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, запаливост, надразливост, токсичност, канцерогеност и екотоксичност на катастарска парцела во Визбегово на која за тоа немале соодветна дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање. На 09.07.2025 година на локацијата се случил пожар кој поради обемот и…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека туризмот останува еден од врвните стратешки приоритети на Владата, подвлекувајќи дека бројките од минатата 2025 година се повеќе од охрабрувачки. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, Македонија бележи раст кај странските туристи од над 10 проценти. Мицкоски најави амбициозен план за иднината, со фокус на привлекување организирани групи и проширување на капацитетите. „Се ближиме кон бројката од 3,5 милиони ноќевања, што е значаен податок, но нашата цел е да успееме да дојдеме до 5 милиони ноќевања во Македонија. Паралелно работиме на поддршка за изградба и реновирање на сместувачките и угостителските објекти“, изјави…
Германскиот авиогигант „Луфтханза“ денеска се соочува со колосални проблеми откако пилотите и кабинскиот персонал стапија во еднодневен штрајк. Иако точниот број на приземјени авиони не е официјално соопштен, компанијата потврди „бројни откажувања“ кои ќе ги погодат патниците ширум светот, вклучувајќи ги и главните центри како Франкфурт и Берлин. Од компанијата апелираат до сите патници да го проверат статусот на својот лет пред да тргнат кон аеродромите. За оние чии летови се веќе откажани, понудени се неколку опции: Причина за овој колопс е битката меѓу синдикатите и раководството околу пензиските фондови и социјалните планови, додека компанијата се обидува да ги намали…
Министерот за правда, Игор Филков, денеска на 18-тата сесија на Националната конвенција за ЕУ порача дека владеењето на правото и независноста на судиите се врвните приоритети на Владата. Тој најави голем реформски пакет кој опфаќа измени на триесеттина закони, кои треба да го трансформираат судскиот систем. Филков истакна дека транспарентните механизми за избор и одговорност се клучни за враќање на довербата на граѓаните. „Подготвивме измени на триесеттина закони кои се од суштинска важност. Имаме можност да создадеме правосудство на кое сите ќе можеме да се потпреме – правосудство кое е транспарентно, професионално и непристрасно. Независноста на судиите е централен столб…
Обединетите нации во својот најнов извештај откриваат дека новата сириска власт била цел на серија планирани ликвидации во текот на изминатата година. Според документот подготвен од Канцеларијата на ОН за борба против тероризмот, спречени се дури пет обиди за атентат врз претседателот Ахмад ал-Шараа, како и врз министрите за внатрешни и надворешни работи. Зад овие напади, кои требало да се случат во Алеп и Дара, стои групата „Сараја Ансар ал-Суна“, која ОН ја дефинира како параван на Исламска држава (ИД). Во извештајот на Антонио Гутереш се вели: „ИД сѐ уште активно се обидува да ја дестабилизира новата сириска власт, користејќи…
Во Хрватска се во тек апсења и итни доказни дејствија, кои по наредба на УСКОК ги спроведува ПНУСКОК, беше објавено утрово. Горенаведените дејствија се спроведуваат на подрачјето на Нова Градишка, Славонски Брод и Загреб во врска со неколку лица за кои постои основано сомнение дека сториле корупциски кривични дела. Јутарњи објави дека е уапсен градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ. По сослушувањето на осомничениот, УСКОК ќе донесе одлука за понатамошни дејствија во предметниот случај, за што навремено ќе ја информира јавноста, се вели во соопштението.
Пролетта што доаѓа носи моќна космичка енергија која за неколку знаци ќе значи вистински нов почеток. Според пресметките на астролозите, еден знак убедливо води на листата на среќници со неверојатни 88% шанси за успех, додека кај други се најавуваат неочекувани финансиски добивки. Најголемите фаворити на ѕвездите за претстојната сезона се:
