- Филипче: Има незадоволство во ЗНАМ поради однесувањето на антинародна и криминална власт
- Ивица Дачиќ се бори за живот: Ставен е на респиратор
- 21-годишен скопјанец натепан во Гази Баба
- Синот на Балашевиќ, чека син
- Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава
- Македонија гласаше „за“ во ОН: Бараме итен и праведен мир во Украина
- Зеленски со остра порака: Јазот со Русија е преголем, пријателство нема да има уште долго
- Дилер од Охрид падна во рацете на полицијата
Author: Author 04
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска промовираше детален план со кој треба да се реши деценискиот проблем со паркирањето во кампусот „Мајка Тереза“. Според најавите, паркингот ќе биде дигитализиран, а цените ќе бидат поделени во четири категории за да се заштитат пациентите. Новиот ценовник ќе изгледа вака: Министерот најави дека граѓаните ќе можат од дома да резервираат паркинг место преку апликација со скенирање на својот упат, а плаќањето ќе биде онлајн, со картичка или кеш.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави: „Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу…
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава. На средбата се разговараше за реализацијата на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатите Битола – Прилеп, Кичево -Гостивар (Стража) и Тетово -Гостивар. САД се долгогодишен стратешки партнер и силен подржувач на Македонија во реформските процеси во државата, јакнење на институционалните капацитети, владеење на правото и борбата против корупцијата, беше истакнато на средбата. Стратешкото партнерство меѓу двете земји е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот, особено во услови на…
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина добија неочекуван пресврт за финската репрезентација во скијачки скокови. Главниот тренер, Словенецот Игор Медвед, е експресно дисквалификуван и испратен дома откако бил вклучен во инцидент поврзан со конзумирање алкохол, што се смета за грубо кршење на тимските вредности. Финскиот олимписки комитет реагираше брзо, нагласувајќи дека нема да толерираат вакво однесување во елитниот спорт. „Медвед веќе отпатува за Финска. Прекршувањето на правилата го сфаќаме многу сериозно. Нашата цел е спортистите да имаат мир за да можат да се фокусираат на натпреварите“, изјави Јане Ханинен, првиот човек на финскиот олимписки тим.
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе шокантни детали за функционирањето на згаснатото Специјално јавно обвинителство. Повикувајќи се на сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу, Манасиевски тврди дека СЈО не било ништо повеќе од партиски штаб на СДС, каде адвокатите на Зоран Заев директно ги убедувале обвинителите како да постапуваат. Манасиевски посочи дека дури четворица адвокати на Заев вршеле притисок за ослободување на лица од притвор за предметот „Пуч“. „Сведоштвата на Кадриу се доказ како Зоран Заев го отвори правосудството како пупка. Предметот ‘Пуч’ бил донесен во СЈО спакуван во фолија и веројатно така стои и денес –…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе тешки обвинувања на сметка на претходното раководство на СДСМ, тврдејќи дека во 2023 година бил донесен нелегален Правилник за медицински канабис. Според Петрушевски, со овој акт свесно било дозволено одгледување марихуана на отворен простор, иако законот предвидува производство исклучиво во затворени простории. Петрушевски директно ги посочи Зоран Заев и Венко Филипче како инспиратори на овие измени. „Вака произведениот канабис на нива не ги задоволува медицинските норми и не може да се користи за лекување. Сомнежите се дека овие измени се направени со умисла за марихуаната да заврши на црниот пазар. Дали поради ова…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска од Брисел најави засилен фокус на алијансата кон Арктикот, со цел да се спречи влијанието на Русија и Кина во овој стратешки важен регион. Руте ја промовираше новата мисија „Арктичка стража“, потенцирајќи дека безбедноста на САД и Европа е директно поврзана со контролата на овој дел од светот. „Не смееме да бидеме наивни кон Кина и Русија кога станува збор за Арктикот. Мораме да осигуриме одбрана на секој сантиметар од територијата на НАТО. Со Шведска и Финска како нови членки, ги пополнуваме сите безбедносни празнини“, изјави Руте по пристигнувањето на состанокот на министрите…
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска објави старт на масовна акција за контрола на фирмите за производство на медицински канабис низ државата. Заедно со тимови од МВР, инспекторите веќе се на терен за да ја проверат работата на сите 43 лиценцирани субјекти. Алиу откри скандалозен податок – иако Меѓуресорската комисија за контрола постои од 2017 година, во архивите на Министерството не бил пронајден ниту еден извештај за нејзиното досегашно работење. „Додека трае оваа прес-конференција, колегите се на терен. Ќе мора да се проверат сите 43 лиценци. Меѓуресорската комисија била креирана во 2017 година, а не најдовме ниту еден извештај од…
Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска се повлече од својата функција. Информацијата за неговата оставка е веќе потврдена, иако официјални детали за причините за ваквиот ненадеен потег по речиси осум години на чело на комисијата сè уште не се соопштуваат. Оставката доаѓа во исклучително тежок период за Бислимоски, откако пред само две недели Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба. „Бислимоски се сомничи дека незаконски овозможил компанијата ‘Тритерол петрол’ да продолжи со работа иако немала лиценца, со што фирмата остварила промет од над 3 милиони евра и противправна корист…
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на настанот „Патеки за вештини и инклузија во секторот за цврст отпад“, организиран од канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, кој се одржа во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје. Во своето обраќање, министерот Хоџа се осврна на системските политики во областа на управувањето со отпадот, нагласувајќи дека Регионалниот систем за управување со отпад веќе преминува од концепт во реалност. „Многу важно е што Регионалниот систем за управување со отпад веќе не е само идеја на хартија. Ние веќе градиме инфраструктура што е основа…
