- Велика Британија со нов пакет санкции кон Русија
- Адријана Јаневска мета на организиран напад: Пејачката ги демантира гласините за советничките функции
- ФОТО: Патот кон Теферич затворен за сообраќај – бидете внимателни
- ДУИ: За Филков, албанскиот јазик во правосудниот испит „не постои“
- Тетово со нови протоколи по серијата закани за поставени бомби во училиштата
- Стабилизирана е состојбата со приватните превозници во Скопје
- Путин дециден: Русија е непобедлива, непријателот нема шанси
- Го нападнала мечка – заради стравот ќе добие 300.000 денари
Author: Author 04
Холандија влезе во нова политичка ера со именувањето на 38-годишниот Роб Јетен за нов премиер. Јетен, кој е лидер на партијата Демократи 66 (D66), стана најмладиот во историјата на оваа функција и воедно првиот отворено геј премиер на земјата. Неговата малцинска централно-десничарска влада веќе ја положи свечената заклетва. Новиот премиер најави дека неговиот кабинет ќе се фокусира на реформи, но и на построги политики за миграцијата, што веќе предизвика низа реакции во холандската јавност. „Горд сум што го правиме ова заедно. Во нова фаза, со голема одговорност и, пред сè, со заедничко ветување да работиме за сите во Холандија. Со…
Вработените во хотел „Фламинго“ Казино, како и голем број граѓани на Гевгелија вчера повторно демонстрираат хуманост при реализацијата на веќе шестата крводарителска акција организирана заедно со Општинската организација на Црвен крст Гевгелија. Вкупно 76 крводарители се приклучија на акцијата, покажувајќи ја својата солидарност и посветеност кон спасување човечки животи.„Шеста година по ред со големо задоволство во нашиот хотел ја реализираме оваа хумана активност во соработка со локалната организација на Црвениот крст. Нашите вработени и граѓани одговорија на повикот и успеавме да обезбедиме нови крвни единици за локалните здравствени установи. Воедно со поддршката на крводарителските акции сакаме да помогнеме во поттикнувањето…
Периодот од 23 февруари до 1 март 2026 година ќе биде под силно влијание на Уран и претстојните затемнувања, што е рецепт за ненадејни пресврти и ситуации кои бараат брза реакција. Дополнителен хаос носи Меркур, кој на 26 февруари го започнува својот ретрограден од, отворајќи тринеделен циклус на преиспитување и можни грешки во комуникацијата. Најкритичниот ден е 27 февруари, кога Марс влегува во напнат аспект со Уран, интензивирајќи го чувството на немир. Сепак, за три хороскопски знаци оваа недела ќе биде посебно турбулентна: Риби Ретроградниот Меркур во вашиот знак носи конфузија и пад на концентрацијата. „Клучно е да се разликуваат…
Вистинско чудо се случило на улицата Петрозаводскаја во Санкт Петербург, откако 37-годишниот Каируло Ибадулаев успеал да спаси петгодишно момче кое паднало од висина од 24 метри. Ибадулаев, работник од Узбекистан, го забележал малиот Саша на прозорецот од седмиот кат и веднаш застанал под зградата за да го ублажи падот. Откако го фатил детето во прегратка, двајцата паднале во снегот, но херојот забележал дека момчето престанало да дише. Со брза реакција и масажа на градите, тој успеал да го врати Саша во живот пред да пристигнат итните служби. „Тој си играше на прозорецот. Му викав да влезе внатре, но тој не…
Властите во САД го третираат како терористички чин упадот во трафостаница во Невада, каде 23-годишниот Досон Малони од Њујорк со изнајмен автомобил проби безбедносна ограда и се самоуби. Инцидентот се случил во четвртокот, кога полицијата во градот Боулдер добила повик за возило кое со голема брзина влегло во објектот на Одделот за вода и електрична енергија. Според полицискиот извештај, Малони бил пронајден мртов во возилото со самонанесена рана од огнено оружје, носејќи панцир. Во автомобилот биле пронајдени две пушки, пушка во стилот на AR, наполнети шаржери и две запаливи направи. „Од голема претпазливост, инцидентот се третира како поврзан со тероризам…
Рибарското село Седанка, сместено на далечниот исток на Русија, се соочува со демографска катастрофа откако речиси сите мажи на возраст од 18 до 55 години заминаа на фронтот во Украина. Иако е оддалечено 7.000 километри од борбените линии, последиците од војната се видливи на секој чекор во оваа изолирана заедница. Од вкупно 258 жители, дури 39 мажи се пријавиле како доброволци. Досега е потврдена смртта на 12 од нив, додека седуммина се водат како исчезнати. Жителите велат дека животот станал неподнослив, особено во тешките зимски услови. „Срцекршачко е – толку многу од нашите луѓе се убиени. Сопругот на сестра ми…
Хрватската полиција приведе четири лица по серија инциденти во свадбена поворка во Крапина. Граѓаните пријавиле пукање од огнено оружје и опасно возење на Денот на вљубените, по што интервенирале полициски единици. Истрагата утврдила дека лица на возраст од 20 до 25 години испукале повеќе истрели од гасни пиштоли низ прозорците на автомобилите додека поворката била во движење. „Утврдено е дека од два гасни пиштоли низ отворените прозорци на автомобилите биле испукани повеќе истрели. Исто така, утврдено е дека гасните пиштоли им припаѓаат на 25-годишно девојче и 28-годишен маж и дека тие биле законски во поседување“, соопштија од полицијата. Покрај пукањето,…
Поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, сообраќајот од изутринава се одвива со ограничување, соопштија од АМСМ. Проблемот е регистриран на 2,5 километри по бензинската пумпа „Детоил“. Како што информираат од таму, сообраќајот на оваа делница се одвива по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри. Екипите на ЈП ‘Македонија пат’ се на терен и работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Фолк ѕвездата Лепа Брена ќе биде дел од документарниот филм за животот на Саша Поповиќ, насловен како „Сале“, кој во изминатите месеци го подготвуваше семејството на починатиот магнат со поддршка на „Гранд Продакшн“. Иако Сузана Јовановиќ неодамна призна дека нема контакт со пејачката по смртта на Саша, Брена сепак се појавува во официјалниот трејлер за филмот. Видно емотивна и со грутка во грлото, таа се присетува на заедничките почетоци и тешките моменти низ кариерата. „Дури и кога ни беше најтешко, секогаш се согласувавме дека мора да продолжиме понатаму…“, вели Брена во краткиот исечок од најавата. Сузана Јовановиќ истакна дека во…
Популарниот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, во гостувањето во емисијата „Телкаст“ на Миња Милетиќ, за прв пат отворено зборуваше за инцидентот во кој му беше запален луксузниот автомобил вреден половина милион евра. Иако сторителот е приведен, Илиќ открива дека нарачателот сè уште не е познат. Јутјуберот признава дека иако има обезбедување, чувствува одредена доза на загриженост поради ескалацијата на настаните во последно време. „Го фатија човекот што ми го запали автомобилот, но кој всушност стои зад него сè уште е непознато“, вели Илиќ. Тој додава дека неговата лична безбедност не му е примарна грижа, туку евентуалните последици врз…
