- Ивица Дачиќ се бори за живот: Ставен е на респиратор
- 21-годишен скопјанец натепан во Гази Баба
- Синот на Балашевиќ, чека син
- Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава
- Македонија гласаше „за“ во ОН: Бараме итен и праведен мир во Украина
- Зеленски со остра порака: Јазот со Русија е преголем, пријателство нема да има уште долго
- Дилер од Охрид падна во рацете на полицијата
- Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците
Author: Author 04
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата. Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство,…
Денеска и утре православните верници ја одбележуваат Задушница, ден во кој Црквата и верниците се молат за покој на душите на починатите. Овој ден е секогаш во сабота, бидејќи токму саботата е денот што Црквата го одредила за спомен на сите упокоени. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица…
С. Г., државјанин на Северна Македонија, уапсен за запалување угостителски објект во Вождовац.Инцидентот се случил на 10 февруари, мотивот бил неодамнешно отпуштање.С. Г. испратил видеа од пожарот до своите поранешни работодавци, што претставува безбедносна закана.Брзата реакција на вработените спречила пожарот да се прошири и да предизвика поголема штета.Осомничениот бил приведен до 48 часа и приведен во обвинителството.Припадници на Министерството за внатрешни работи во Вождовац го уапсиле државјанинот на Северна Македонија, С. Г. (46), под сомнение дека запалил угостителски објект каде што работел од одмазда, а потоа ги заплашил своите поранешни работодавци со бизарни видеа, дознава „Telegraf.rs“. Во белградската населба Вождовац,…
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, велат од СДСМ. „Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата. Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени. Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството. Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на…
Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор. СДС и Заев со ваквиот подзаконски акт овозможиле производство на канабис на нива, што отвора сериозни дилеми во однос на исполнувањето на ГМП стандардите. Доколку…
ОвенЗа Овните започнува ново и сериозно животно поглавје. Влијанието на Сатурн во вашиот знак ве повикува да преземете целосна одговорност за вашата насока на движење. Повеќе нема простор за импулсивни почетоци без конкретен план. Доколку дејствувате зрело и доследно, ве очекува период на голем личен раст и лидерство. БикПромените кај Биковите моментално се случуваат под површината и можеби не се видливи веднаш. Сатурн ве принудува да се соочите со старите стравови и потсвесни модели кои ве кочеа во минатото. Ова е клучен период за внатрешно расчистување. Тивката работа што ја вложувате сега, ќе донесе видливи резултати во иднина. БлизнациКај Близнаците…
Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. Корените на ова верување се врзуваат за Јуда, кој го предал Исус Христос и бил 13-тиот гостин на Тајната вечера. Дури и денес, во многу култури се смета за лош знак ако на една маса седат точно тринаесет луѓе. Колку овој број се смета за „баксузен“ покажува и фактот што многу светски аеродроми немаат писти, излези (gates), па дури ни седишта во авионите под овој број. Ако сте суеверни, постојат неколку непишани правила кои треба да ги почитувате на овој ден за да ја „избркате“ лошата среќа. Стравот од…
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Од диспечерскиот-информативен центар на ЈП „Македонија пат“ информираат дека на одредени патни правци има значително намалена видливост поради појава на магла. Најкритична е состојбата на планинскиот превој Плетвар, каде видливоста е намалена до 50 метри, додека на Стража видливоста изнесува до 80 метри. И покрај ваквите услови, од претпријатието посочуваат дека сите патни правци низ државата се проодни. Сепак, се упатува предупредување до возачите дека на делниците кои минуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони. „ЈП ‘Македонија пат’ апелира до…
Поголем број улици во општина Шуто Оризари денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Исклучувањето ќе трае во периодот од 09:00 до 15:00 часот. Без струја ќе останат корисниците од делови на улиците: „Тиквешка“, „Нов Живот“, „Индира Ганди“, „Брсјачка Буна“, „Овчеполска“, „Пелагонија“, „Демирхисарска“, „Злетовска“, „Слан Дол“ и „Хаџи Јован Шишков“. Од надлежните служби информираат дека прекинот е планиран и се реализира поради технички интервенции. „Прекинот на електрична енергија во дел од Шуто Оризари е поради зафати во електродистрибутивната мрежа“, се наведува во официјалното известување.
Денеска не очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег, а ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура денеска ќе се движи од 8 до 13 степени, додека минималната беше во интервал од 4 до 9 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, со максимална температура до 12 степени. За утре…
