Author: Author 04

Трудот, напорната работа и чесниот пристап вродуваат со плод. Македонија на чекор до потпишување историски трговски договор со стратешкиот партнер и најмоќната економија во Светот, Соединетите Американски Држави, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. По затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава помеѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, посочи Стојаноски. „Оваа изјава претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД и со ова се прави значаен исчекор во економската соработка но и го трасира патот за сеопфатен договор…

Повеќе

Роберт Кенеди Џуниор, актуелниот министер за здравство на САД, јавно проговори за својата мрачна минато со зависностите во подкастот „This Past Weekend“ кај Тео Вон. Кенеди, кој веќе четири децении е на пат кон закрепнување, упати фрапантна изјава велејќи дека денес „не се плаши од бактерии“ токму поради неговото минато. „Не се плашам од повраќање… Шмркав кокаин од тоалетни школки“, призна Кенеди, објаснувајќи дека неговата борба со зависноста е секојдневна битка која бара дисциплина и посетување состаноци за поддршка. Министерот откри дека за време на пандемијата формирал „пиратска“ група за поддршка за да можат зависниците да продолжат со состаноците и…

Повеќе

Центарот на Атина денеска е под силно полициско обезбедување и сообраќаен метеж, додека колони трактори и конвои со земјоделци од цела Грција пристигнуваат на најавениот голем протест пред Хеленскиот парламент. Главниот собир на плоштадот Синтагма е закажан за 16:00 часот, а организаторите најавуваат дека ќе останат таму во текот на целата ноќ. Земјоделците бараат итно намалување на трошоците за производство, загарантирани цени за нивните производи и итни измени во државниот осигурителен систем за компензација на загубите. Иако претходно имаше средби со премиерот Киријакос Мицотакис, земјоделските здруженија велат дека не е понудено решение што ќе ја запре кризата во секторот. Овојпат,…

Повеќе

Страшна трагедија се случи во Берлин откако избувна пожар во станбена зграда од 21 кат, при што едно дете го загуби животот, а повеќе лица се наоѓаат во критична состојба. Пожарот избувнал на четвртиот кат, а поради „зголемено оптоварување со материјали“ во станот, густ чад за кратко време ја исполнил целата зграда. Противпожарните служби интервенираа со 170 лица, кои ги извлекуваа станарите со заштитни маски. За жал, неколку деца и еден возрасен биле извлечени во несвесна состојба. „Три лица, од кои две деца, се здобија со повреди опасни по живот и мораа да бидат реанимирани. Едно дете, за жал, им…

Повеќе

Планинската служба за спасување на Црна Гора (ПСС) го извлече телото на М.П. (34) од областа Могрен во Будва, соопшти ПСС. Операцијата е спроведена на барање на Полициската управа, Оддел за безбедност на Будва. „Операцијата е спроведена на исклучително непристапен и опасен терен, со употреба на сложени технички методи и посебни безбедносни мерки. По завршувањето на операцијата, телото е предадено на надлежните органи за понатамошно дејствување“, соопшти планинската служба. Членови на Управата за поморска безбедност на Црна Гора учествуваа во операцијата и пружија помош. Во овој момент не е познато како М.П. завршил во морето и како се случила трагедијата.

Повеќе

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува драматично проширување на напорите за одземање на државјанството на Американците родени во странство. Според новите внатрешни насоки на Службата за државјанство и имиграција (USCIS), целта е да се идентификуваат и процесираат меѓу 100 и 200 случаи на денатурализација месечно во текот на фискалната 2026 година. Овој потег претставува огромен скок во споредба со претходните години. За илустрација, во текот на целиот прв мандат на Трамп беа покренати вкупно 102 вакви случаи. Сега, администрацијата планира таа бројка да се надминува на месечно ниво. Фокусот е ставен на натурализираните граѓани за кои постојат сомнежи дека…

Повеќе

Премеиерот Христијан Мицкоски во рамки на денешната посета во Минхен оствари работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“. Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја, рече Мицкоски. „Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири. Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава!“, нагласи премиерот.

Повеќе

Париската полиција приведе десет лица под сомнение за организирање на обемна измама со билети во најпознатиот светски музеј, Лувр. Меѓу уапсените се наоѓаат вработени во институцијата и туристички водичи кои главно таргетирале кинески туристи преку продажба на лажни билети и пребукирање тури. Акцијата на полицијата следела по пријава од администрацијата на музејот за забележани „неправилности“. При претресите се конфискувани 130.000 евра во готово, три возила, а замрзнати се и речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Од администрацијата на Лувр соопштија дека веќе е усвоен „структуриран план за борба против измамите“, кој вклучува низа правни, технички и контролни мерки за заштита…

Повеќе

Најмалку две лица го загубија животот, а десетици се повредени во голем пожар што избувна рано утрово во хотелот „Спорт“ во градот Будакеши. Пламенот целосно го зафатил покривот на двокатната зграда на улицата „Зичи Петер“, а според првичните сознанија, причина за несреќата е експлозија на плинска боца. Градоначалничката на градот, Отилија Ѓери, потврди дека пожарот избувнал во текот на ноќта, околу 02:15 часот. Пожарникарите успеале да евакуираат дел од гостите, но при пребарување на урнатините биле пронајдени телата на две жртви. „Според моменталните информации, има мртви и тешко повредени лица“, објави градоначалничката Ѓери, нагласувајќи дека спасувачките екипи сè уште трагаат…

Повеќе

Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец. На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата. Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето. На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица,…

Повеќе