- Тешка сообраќајка во Штип: Мопед се судри со автомобил – двајца повредени
- Филипче: Мицкоски кажа дека ДУИ се криминалци а се договорил со Груби
- Филипче: Урнат е правниот систем – за Груби фалеше уште црвен килим
- Швајцарија ќе исплати по 56.000 долари за жртвите од пожарот во Кранс-Монтана
- Хаос на патиштата во Србија: Земјоделците блокираа 80 локации, бараат забрана за увоз на млеко
- Венс: Трамп и понатаму преферира дипломатско решение со Иран
- Бил Гејтс си призна: Имав афера со две Русинки – жалам што комуницирав со Епстин
- Унгарија ги засилува границите: Воено присуство за заштита од нелегална миграција
Author: Author 04
Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури, на територијата на Националниот парк Шар Планина е забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција; предупредуваат од Националниот парк Шар Планина.Од Националниот парк Шар Планина апелираат до сите посетители, планинари и љубители на зимските спортови:-движете се внимателно во планински услови-избегнувајте ризични и стрмни терени-користете соодветна безбедносна опрема„Планината е прекрасна, но бара одговорност. Информираноста и добрата подготовка се клучни за безбедно уживање во природата. Безбедноста секогаш нека биде на прво место“, известуваат од Националниот парк Шар Планина.
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 09.02 до 15.02.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 117 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштија од ЈП Паркинзи.
Овен Внимавајте на нетрпеливоста. Денес е клучно прво да ја замислите промената, а потоа да ја градите чекор по чекор. Тригонот Меркур–Јупитер ви помага да размислувате големо без да ја изгубите емоционалната стабилност. Бик Притисокот во кариерата е голем, но не пружајте отпор. Направете план што ќе ве ослободи од застојот. Големите идеи што ги имате денес не се фантазија, туку реален потенцијал со вистинска структура. Близнаци Мислите ви се насочени кон нови животни правци. Сонцето и Уран бараат промена, но не „скокајте“ без основа. Изберете една идеја и почнете систематски да ја развивате. Вербата во себе е вашиот најсилен…
Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заедно со населението, дејствуваа сношти, а ќе дејствуваат и денеска, согласно потребите и можностите во координација со другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК) ангажирани за помош при поплавите и излевања на водотеци во општините Сарај, Куманово, Липково, Тетово, Маврово и Ростуше, Кичево, Охрид, а и други општини што преку 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за пријави за поплавите и барања помош, а секако и од директни пријави од општините.„Во скопскиот регион, покрај тимовите (седум на тој терен) на ДЗС , во Општина Сарај, во поплавените…
Популарниот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, остана без својот луксузен автомобил откако возилото му се запалило во Белград. Инцидентот се случил денеска, а самиот јутјубер веднаш ги сподели снимките од пожарот со своите следбеници на социјалните мрежи. Илиќ го снимал својот автомобил како гори директно од неговата тераса, а подоцна објави и проштална порака на Инстаграм. „Почивај во мир Брабус, 2023-2026“, напиша тој во описот на видеото. Вредноста на уништениот автомобил марка „Брабус“ се проценува на околу 500.000 евра. Засега не се откриваат детали за тоа како дошло до пожарот, ниту дали станува збор за дефект или…
Во недела на 22 февруари е Прочка.Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштавањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите… се остатоци од претхристијанските пролетни забави. Празникот Прочка или Велики поклади, меѓу народот познат и како Проштени поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Овој празник доаѓа по неколкуте зимски празници, како што се: Бадник, Божик, Водици, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот број пролетни празници, како што се: Тодорова сабота, Летник, Св. 40 маченици…
Вчера околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на…
16 дена јавноста чека одговор како 5 тони дрога ја поминале македонската граница и завршиле во Србија. Нема одговор кој од власта ќе одговара за најголемиот нарко скандал, велат од СДСМ. „Наместо одговори, гледаме дефокус, лицитирање со бројки за запленета наводно нелегално произведена марихуана во Македонија и обиди за заташкување на скандалот. Премиерот Мицкоски лицитира со 25, 40, па и 100 тони запленета марихуана, наводно нелегално произведена. Ако навистина станува збор за нелегално производство од такви размери, тоа отвора уште посериозно прашање за одговорноста која мора да се прошири на повеќе институции токму во власта. Како се произвела марихуана на…
Поврзаноста на Филипче и Заев со бизнисот со марихуана e прашање на сериозни индиции кои бараат итна истрага, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, од која беа запленети 30 тони марихуана, е директно поврзана со луѓе блиски до СДС и Заев. Постојат фотографии кои го прикажуваат Филипче во друштво со сопственикот, Тони Котев. Од вкупно околу 40 тони запленета марихуана, дури околу 30 тони се поврзуваат со оваа фирма или 70%. Во 2020 година фирмата добила лиценца, а истата година, Заев и Филипче јавно ја отворија темата за поширока легализација на канабисот, вклучително и за лична употреба.…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 33,650 (денари/килограм)
