Author: Author 04

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри обвинувања до СДСМ, тврдејќи дека партијата е во хистерија по приведувањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби. Според Петрушевски, СДСМ стравува од тоа што Груби може да открие пред истражните органи за неговата соработка со поранешните функционери. „СДС, партијата која соработуваше и молчеше кога Груби правеше криминал, се исплаши до срж, затоа што не знаат што сè Груби може да каже. Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДС и премиер на Македонија?“, праша Петрушевски на денешната прес-конференција. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го разбира револтот на граѓаните поради…

Повеќе

ПАТОТ КОН ТЕФЕРИЧ Е ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ!, соопшти градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.Стаменкоска Трајкоска ја информира јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето. По денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец, посочи Стаменкоска Трајкоска. „Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот. Посветени сме на изнаоѓање на…

Повеќе

Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид било пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Повеќе

Платите на избраните и именуваните функционери ќе претрпат сериозно кратење, најави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Пратеничката група веќе поднела пакет-измени на шест закони со кои платите на функционерите ќе се намалат за износ од 10.000 до 13.000 денари, а кај одредени позиции кратењето ќе биде уште поголемо. Според најавите, овие законски измени треба да бидат изгласани по итна постапка веќе во текот на утрешниот ден. „Основната цел на овие измени е воспоставување поправична распределба на буџетските средства, при што платите на функционерите се усогласуваат со реалните економски услови во државата“, изјави Стојаноски. Тој појасни дека заштедените средства нема…

Повеќе

Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, г. Беким Сали, денес ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе оствари средби со високи претставници на украинските државни институции. Во рамки на посетата, Сали ќе учествува на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, заедно со заменик-претседателката на Владата на Украина, г-ѓа Јулија Свириденко, при што ќе биде изразена солидарност и поддршка кон украинскиот народ. За време на посетата, предвидена е билатерална средба со заменик-претседателот на Владата за европска и евроатлантска интеграција на Украина, г. Тарас Качка, на која ќе…

Повеќе

Генералниот секретар на СДСМ, Александар (Саша) Димитријевиќ, на денешната прес-конференција обвини дека правната држава е „целосно погребана“ по одлуката за одредување куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби. Според него, станува збор за смислено сценарио и договор помеѓу актуелната власт и ДУИ. „Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено. Затоа Обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за што СДСМ со месеци говори“, изјави Димитријевиќ. Тој посочи дека обвинителството побарало поблага мерка иако Груби претходно веќе еднаш избегал од државата. „Замислете, еднаш избегал, а сега Обвинителството бара замена на мерката притвор…

Повеќе

Вчеар во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ во Охрид, Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Ј.К.(70) и Д.К.(61) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против Б.М.(55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „поттикнување“ и „помагање“. На 04.02.2025, третопријавениот Ј.К. и четвртопријавениот Д.К., поттикнати од петтопријавениот Б.М., во Јавното претпријатие „Национални шуми” – Подрачно шумско стопанство „Осогово” – Кочани – РЕ Пробиштип поднеле барање за сеча на стебла…

Повеќе

Рускиот претседател Владимир Путин го искористи прославувањето на Денот на бранителот на татковината на 23 февруари за да испрати пораки што аналитичарите ги толкуваат како подготовка на руското општество за можна нова фаза на мобилизација. Во своето обраќање, тој рече дека руските војници што учествуваат во војната во Украина носат „огромна одговорност за рускиот народ и заедничката кауза на Русија“, нагласувајќи ја колективната обврска и жртвата. Според аналитичарите на Институтот за проучување на војната (ISW), ваквите изјави укажуваат дека Кремљ наводно постепено го подготвува населението за можна ограничена, фазна регрутација, која треба да ги задоволи потребите на руската армија на…

Повеќе