Author: Author 04

На 17.02.2026 во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријави дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добил паричен надомест, но до пријавување на настанот не бил повикан да дели пакети ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво. Имено, тој во меѓувреме добил писмо од финансиско друштво за отплата на кредит, подигнат на негово име во висина од…

Повеќе

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(28), М.Н.(33), Д.П.(38), А.Љ.(36) и Н.Г.(28), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари прва работна средба со новоизбраниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ. На средбата беше подвлечено дека фер и демократска атмосфера мора да биде императив за сите институции вклучени во изборниот процес. Денес, во својство на претседател на ЗЕЛС, остварив работна средба со новоизбраниот претседател на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ и членовите на ДИК, истакна Ѓорѓиевски. „Разговаравме за актуелните предизвици и за координацијата меѓу институциите во пресрет на изборните процеси што следуваат во иднина. Непреченото спроведување на изборите во фер и демократска атмосфера мора да биде императив за сите -…

Повеќе

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска од собраниската говорница упати остри критики до опозицијата, обвинувајќи ги дека барањето за минимална плата од 600 евра е само обичен политички маркетинг. Дурмиши останува на цврстиот став дека минималната плата ќе се зголеми следниот месец (март), но исклучиво според законската методологија и економските параметри како продуктивноста и трошоците за живот. „Нема потреба од маркетинг. Ние не сме против зголемување, но тоа мора да биде одржливо“, порача Дурмиши во одговор на пратеничката Тренчевска. Тој најави и добри вести за јавниот сектор – околу 20.000 работници ќе добијат покачување, со што Владата ја…

Повеќе

На дел од регулираните професии законот не дозволува вонредно студирање и тоа е во правец на јавниот интерес на државата. Не се дозволува вонредно студирање на Медицинскиот факултет, што и досега е така, но отсега и на наставничките факултети.Тоа е од јавен интерес, тие студии да се модернизираат, да се зајакнат, за да може во иднина да добиеме подобар производ, не последен на ПИСА, туку ученици кои ќе се придвижат нагоре на скалилата на рангирање на знаењето на учениците.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска вогостувањето на утринската програма на ТВ Алфа. Многу нешта променивме…

Повеќе

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.А.(41) од Скопје и Н.К.(31) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. – Во текот на август 2025 година, С.С. побарал позајмица од 1000 евра од првопријавениот со цел да му ги врати за еден месец со камата од 200 евра, при што како гаранција во залог му оставил патничко возило, а посредник бил второпријавениот. По истекот на месецот, бидејќи С.С. не бил во можност да ја врати позајмицата, првопријавениот му пресметувал и барал несразмерна имотна корист пресметана како камата, соопштија од полицијата.

Повеќе

На 17.02.2026 во СВР Велес биле пријавени шест случаи на обиди за измами. Еден случај е пријавен во СВР Велес од 53-годишна велешанка, која пријавила дека машко лице се јавило на нејзиниот татко и му кажало дека неговата ќерка се здобила со тешки повреди, за што е потребно да се направи операција и побарал да донесе пари за интервенција во болница во Велес. Останатите пет случаи се пријавени во ОВР Неготино, каде лица на возраст од 69 до 78 години, пријавиле дека машко лице им се јавило, им кажало дека членови на нивните семејства се здобиле со повреди и за…

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави: „Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка,…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одобри финансиска поддршка за 125 граѓани кои се соочуваат со нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба. Станува збор за баратели кои поднеле барања во периодот од јули 2025 година до 31 декември 2025 година, а исплатата ќе започне во текот на месецов. Еднократната финансиска помош е наменета за покривање на трошоци поврзани со лекување, нега и секојдневна поддршка. Висината на помошта се утврдува според индивидуалните потреби, а износите се движат од 3.000 до 25.000 денари. За остварување на правото на финансиска поддршка, потребно е доставување на документи со кои се докажува здравствената или…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно соопшти дека Владата се повлекува од намерата за набавка на нов воздухоплов, по острите критики од опозицијата. Во емотивна изјава, Мицкоски откри дека на лидерска средба со Венко Филипче било договорено оваа тема да не се користи за политички поени, но опозицијата не си останала на зборот. „Гледам дека не си стојат на зборот и затоа ние ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и починеме, претпоставувам дека тогаш на сите ќе им стане јасно дека оваа дебата била излишна“, порача премиерот, нагласувајќи дека безбедноста…

Повеќе