Author: Author 04

Општина Битола, во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“, постави физички пречки – столпчиња – со цел да се означи пешачка патека од двете страни на дел од улицата „Св. Кирил и Методиј“, која води од кај градската библиотека кон зградата на поранешната општина. Со новите мерки, паркирањето на автомобили што го попречуваа движењето на пешаците е забрането, а улицата е организирана како еднонасочна. Вертикалната и хоризонталната сигнализација дополнително го обезбедуваат непреченото движење на граѓаните. Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека со ова се зголемува безбедноста на пешаците и се подобрува урбаната мобилност во централното подрачје на Битола.

Повеќе

Општина Битола објавува Јавен повик за поддршка на лица со ретки болести за патни трошоци до болница надвор од Битола и нивни потреби, односно финансиска поддршка на лица со ретки болести кои што се наоѓаат во незавидна положба за надминување на истата. Критериумите и условите како и потребните документи кои едно лице треба да ги исполнува и достави за искористување на средства од Програма за социјална заштита на Општина Битола во делот на финансиска поддршка на лица со ретки болести се на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/lica-so-retki-bolesti/ Периодот на пријавување е отворен во текот на цела година до целосно искористување на средствата при…

Повеќе

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска од собраниската говорница упати јасен апел до високообразовните установи во земјава. Одговарајќи на прашањето на пратеникот Халил Снопче околу достапноста на студии на мајчин јазик и недостигот на стручен кадар, таа потенцираше дека автономијата на универзитетите треба да се користи за стратешко планирање според пазарот на труд. „Универзитетите во Тетово и ‘Мајка Тереза’ постојат со децении и самите можат да одлучат кои студиски програми ќе ги воведат. Државата вложува средства, но очекуваме со новиот закон тие да се насочат кон насоки од кои државата и стопанството навистина имаат потреба“, истакна Јаневска, нагласувајќи…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. „Денес покажуваме дека нашето стратешко партнерство со САД е на одлично ниво. Упатувам огромна благодарност на целиот тим на американската амбасада во Македонија. Нивната лична заложба креира додадена вредност да ја обезбедиме оваа значајна опрема…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на важниот министерски состанок во Тирана посветен на Коридор VIII. Денеска во Тирана, на покана на министерката Елиса Спиропали, учествував на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“, истакна Муцунски. Муцунски ја нагласи економската и политичката важност на проектот, истакнувајќи дека неговиот успех подразбира целосно вклучување на сите клучни актери. Улогата на Италија како значаен фактор на Јадранот и на Романија како клучна држава на Црното Море и во регионалната економија е суштинска за Коридор VIII да…

Повеќе

Вчера лишени од слобода шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода шест возачи, од кои четири за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија и еден под дејство на алкохол. По еден возач во прилепско – малолетник и тројца возачи од тетовско управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Скопје управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и 37-годишна жена управувала возило под дејство…

Повеќе

Уставниот суд на Македонија денеска доби нов член. Со 63 гласа „за“, пратениците го избраа Гоце Наумовски за нов уставен судија. Веднаш по гласањето, Наумовски пред законодавниот дом даде свечена изјава со која се обврза дека највисокиот правен акт во државата – Уставот, ќе го штити совесно и одговорно. Иако за изборот имаше седум гласа „против“, мнозинството во Собранието даде зелено светло, со што продолжува процесот на пополнување на местата во Уставниот суд, институција која е клучна за правната сигурност на државата.

Повеќе

По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа. Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор. Барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и…

Повеќе

Вчера во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово- с.Требош, 40-годишната З.М. од с.Требош, тетовско, управувајќи патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, излетала од патот и удрила во метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.М., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Повеќе

Утрешното рочиште за судскиот предмет „Пулс“, кој се однесува на катастрофалниот пожар во кочанската дискотека, е официјално одложено. Причината за ваквата одлука на Основниот кривичен суд Скопје е влошената здравствена состојба на првообвинетиот Гроздан Милковски. Сопственикот на објектот во моментов се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани. Судијата кој го води случајот веќе стапил во контакт со лекарите, кои потврдиле дека Милковски не е во состојба да се појави во судницата. Сепак, се очекува неговата состојба набрзо да се стабилизира, по што судењето ќе продолжи во фазата на докази. Следниот термин кога страните треба да се појават…

Повеќе