Author: Author 04

Утрово во 04:50 часот во СВР Битола, 37-годишна жителка на Битола пријавила дека била физички нападната од својот вереник А.И.(42), исто така од Битола. Според пријавата, при инцидентот бил употребен метален предмет, при што жената се здобила со повреди. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата биле преземени соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Полициските службеници работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот, како и на документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Денес во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, остварисредба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.Во фокусот на средбата беа заложбите на владејачкото мнозинство за бескомпромисна борбапротив корупцијата и остварување на видлив економски развој за граѓаните и земјата.Дополнително, координаторот Мицевски ја истакна подготвеноста на Собранието и понатамуда биде силен двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европскитестандарди.Во разговорот се нагласи дека заедно со нашите европските пријатели чекориме кон градењена просперитетна и сигурна европска иднина за сите.

Повеќе

Во среда во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Кисела Вода во Скопје со уште неколку лица физички ги нападнале Д.Б.(18) и Б.Ј.(18), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Најновиот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности за втората половина од 2025 година покажува сериозен пораст на цените на становите низ државата. Највисок скок на цените е забележан во Куманово (24%) и Тетово (22%), додека скопските општини Карпош, Кисела Вода и Гази Баба бележат пораст од по 16 проценти. Според податоците од Регистарот на цени и закупнини, највисока цена по метар квадратен е евидентирана во општина Центар, каде максимумот достигнал вртоглави 232.722 денари. На спротивната страна, најниската цена е забележана во Чаир, со минимум од 19.543 денари за метар квадратен. Во однос на обемот на работа, Аеродром останува лидер…

Повеќе

Вчера во 22:50 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода П.Г.(50) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека пред маркет на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје физички ги нападнал В.С.(40) од Скопје и С.В.(51) од Крива Паланка, а потоа со закани ја внел во патничко возило неговата 44-годишна поранешна партнерка и физички ја нападнал. По извршени проверки е констатирано дека П.Г. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,15 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветена пријава.

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што традиционално го организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во своето обраќање, претседателката нагласи дека мајчиниот јазик не е само инструмент за комуникација, туку и чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ. Таа посочи дека образованието на мајчин јазик има клучна улога во интелектуалниот и емоционалниот развој на поединецот, а почитувањето на јазичната разновидност значи почитување на културната различност. Говорејќи дека јазикот е темел на идентитетот, чувар на колективната меморија во којашто се запишани искуствата на минатите генерации и…

Повеќе

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според информациите на МВР, во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н..

Повеќе

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, денеска од собраниската говорница информираше дека Македонија, во координација со останатите земји од Западен Балкан, води интензивна дипломатска офанзива во Брисел. Целта е промена на рестриктивните мерки кои веќе подолг период ги кочат транспортерите од регионот. „Се организиравме како влади за да вршиме притисок во Брисел. Конечно на 11 февруари беа изнесени 50-тина предлози за промена на состојбата. Иако засега нема целосно разбирање од земјите членки на ЕУ, тоа не значи дека работата е завршена. Ние продолжуваме понатаму“, дециден беше Димитровски во одговор на пратеничко прашање од СДСМ.

Повеќе

Како СДСМ може да обезбедат пари за минимална плата? Да го вратат она што го испокрадоа во време на нивното 7 годишно владеење, напиша во објава на социјалните мрежи Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ. „Ако ова не го сторат самите, тогаш многу скоро низ судски процеси ќе враќаат сѐ што испокрадоа, заедно со казни затвор за истото. А, ако случајно во Буџетот ги најдат парите за кои зборуваат, тогаш веднаш ќе ги пренамениме за хуманитарни цели. Инаку, парите за минималецот може веднаш да се најдат – дел на Водно (кај хациендите на Филипче), дел во Дубаи и дел во Струмица…

Повеќе

Земјоделството во 2025 година бележи сериозни позитивни трендови, потврди денеска министерот Цветан Трипуновски од Струмица. Според официјалните податоци, во последното тримесечје откупот и продажбата достигнале рекордни 12,5 милијарди денари, што е за 15 отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година. Трипуновски појасни дека овој раст не се должи само на цените, туку на зголемениот квантитет кај речиси сите култури. Државниот завод за статистика бележи поголеми количини на пченица, грозје и јаболка, а силен замав има и во сточарството. „Ова е јасен показател дека 2025 беше успешна година со зголемен интензитет на откуп и извоз“, истакна министерот за време…

Повеќе