Author: Author 04

Септемвриската пензија пензионерите ќе ја добијат со покачен износ за 1.000 денари. Исплатата ќе почне задутре, на 1. октомври. „Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување, а потоа ќе има и напролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите линеарно со вкупен износ за пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 денари што ги зборувавме за време на кампањата“, изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски. Ова е трето покачување на пензиите во последната година. Во септември лани тие беа зголемени за 2.500 денари, а за ист износ…

Повеќе

Ми претставува особена чест и задоволство денеска да ја започнеме кампањата, од ова култно место во Прилеп, од плоштадот Методија Андонов Ченто, којшто е лик којшто претставува почеток на оваа држава. Така симболично од овде почнуваме со секоја кампања од ова место, како што реков култно во градов, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Ова нема да бидат избори само за битка кој би ги победил. Ова ќе бидат избори коишто ќе значат секојдневие на секој еден прилепчанец, ова ќе бидат избори коишто ќе донесат подобри улици, подобри училишта, подобри здравствени установи, подобар живот…

Повеќе

Со голема чест и благодарност денес Ви се обраќам на почетокот на едно ново поглавје, почеток на изборната кампања за довербата која што повторно ја барам од вас. Изминативе години ми ја доверивте честа и одговорноста да ја водам нашата Битола, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски. Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа, период, во кој сите заедно бевме сведоци дека Битола живееше во ритам на градење. Се градеше насекаде, од централното градско подрачје, до најоддалечените рурални места. Се работеше на јавните објекти, топлификацијата, инфраструктурата, културата, спортските објекти, се изградија патишта…

Повеќе

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска најави целосна реформа на системот за собирање отпад во главниот град. „Ќе воведеме паметен систем по теркот на европските градови – со нова механизација и GPS рутирање на возилата, за точно да се знае каде е полно и каде треба да се собира отпадот. Ова ќе биде систем без импровизации и без доцнења“, порача Шукова. Дополнително, најави двојно зголемување на бројот на контејнери во сите скопски населби, со цел подобра покриеност и хигиена. Според неа, хаосот во Скопје е резултат на четиригодишната блокада и саботажа од ВМРО-ДПМНЕ, кои го контролирале…

Повеќе

Првиот човек на Општина Центар и кандидат за градоначалник, Горан Герасимовски, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова и претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја посетија новиоѕ општинска депо-простор и ги разгледаа плановите за почиста и поуредна општина. При посетата, Герасимовски ја презентираше новата механизација и дополнителната опрема, како дел од заложбата Центар самостојно да ја одржува хигиената и паркинг сервисот. „Во следниот мандат планирам дополнително да ја зајакнеме механизацијата со набавка на две нови цистерни и пет метларки, за да му го вратиме сјајот на Центар што го паметиме од нашето детство, кога секое утро улиците се миеја со…

Повеќе

Во предизборниот период до локалните избори на 19 октомври, Прес 24, ќе објави интервјуасо кандидатите за градоначалник на Скопје. Тие интервјуа се предвидени да ги отсликаат нивните размислувања за неколку клични точки кои се важни за идниот развој на Скопје. Интервјуата се дефинирани на исти теми и прашања, од кои гласачите ќе можат да направат компаративнин анализи на идеите на кандидатите за тие теми. Во темите опфатени се јавниот превоз, урбанизацијата на градот, чистотата, сообраќајните коридори, организацијата на локалната власт.Третото интервју е на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје од ГРОМ икоалицијата „Искуство за успех“. ПРЕС 24: Јавниот градски…

Повеќе

Време за решавање на сообраќајниот хаос и проблемите со паркирањето, за решавање на проблемот со чистотата, за нови градинки и воведување едносменска и целодневна настава во училиштата низ Чаир. Сега е време за културни фестивали, жива Чаршија, отворено културно скопско Кале. Сега е време за Чаир како студентски, образован и културен центар за Албанците, порача Изет Меџити денес на прес-конференција за претставување на својата кампања како кандидат за градоначалник на Чаир на претстојните локални избори. Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити, нагласувајќи дека ова не е само кандидатура за градоначалник, туку како што рече, „ова е почеток…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи денеска имаше средба со новоакредитираниот амбасадор на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром. На средбата беше потврдено традиционалното пријателство и долгогодишната успешна соработка меѓу двете земји, заснована на доверба и партнерство. Министерот изрази благодарност за континуираната поддршка што Владата на Кралството Шведска ја обезбедува – како во процесот на зајакнување на капацитетите на македонската полиција преку шведската полиција, така и во насока на европските интеграции на државата, соопшти МВР. Амбасадорот Солстром ја поздрави посветеноста на Владата и Министерството за внатрешни работи во борбата против криминалот и корупцијата и се заблагодари за придонесот на МВР…

Повеќе

Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во одоговор на новинарско прашање поврзано со новите откритија на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), за трагедијата во Кочани, изјави дека се потврди она што и СДСМ го зборуваше во јавноста – власта направи се за да си ги заштити своите функционери. „Ние изминатиот период видовме дека оваа власт направи се да заштити свои функционери во истрагата за Кочани и еве сега гледаме дека практично тие биле многу чести гости и привилегирани гости на таа дискотека “ изјави Филипче. Тој потенцираше дека токму поради јавните настапи и прес-конференции на СДСМ беа…

Повеќе

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Драчево, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ќ.(60) и 45-годишната Е.А., од една страна и 41-годишната С.Д. и Т.Д.(20) од друга страна, сите од Скопје. Исто така, во 21:00 часот во СВР Скопје, Е.А.(45) пријавила дека околу 13:30 часот Т.Д. и упатувал закани на неа и И.Ќ.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе