Author: Author 04

Успесите на нашите најмлади секогаш стимулираат силни емоции и ја поттикнуваатвербата дека имаме сигурни раце на кои можеме да ја оставиме Македонија и даверуваме во подобра иднина. Затоа ја зголемивме поддршката кон талентираните, дачувствуваат доволна грижа од државата, да останат тука и да придонесат кон нејзиниотразвој.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска наконференција организирана од Институтот за хемија при Природно – математичкиотфакултет во Скопје, на која беа претставени успесите на македонските ученици инивните ментори постигнати на меѓународните научни олимпијади по хемија во оваакалендарска година.„Ги следам учествата на сите наши млади на меѓународните натпреварувања и воденаод…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи денеска на прес-конференција го промовираше механизмот „Граѓанско око“, чија цел е, како што рече, искоренување на корупцијата во општината. „Граѓанско око“, објасни Османи, е сет од регулативи и четири реформи кои опфаќаат: јавно отворање на тендерите, независен мониторинг, јавна каса (можност со еден клик граѓаните да ги следат приходите и трошоците на Општината) и автоматска контрола со примена на вештака интелигенција – дали нешто се спроведува незаконски. Чаир ќе биде најтранспарентната општина во државата, најави Османи, порачувајќи дека нема да дозволи да се злоупотреби ниту еден денар…

Повеќе

Се зголемува бројот на деца и вработени од штипско средно училиште, кои имаат симптоми на труење по јадење на сендвичи во блиската сендвичарница. Епидемилиогот, Светлана Живкова за МИА изјави дека до денеска имаат регистрирано вкупно 17 лица со симптоми на труење, со што бројката од вчера е зголемена за уште двајца ученици и вработени во штипското училиште. -До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на Институтот за јавно здравје во Скопје, вели Живкова. Таа додава дека…

Повеќе

Вчера во 20:55 часот во с. Бела Црква, општина Кривогаштани, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потрага и ПО Кривогаштани го лишија од слобода С.М. (31) од Штип, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. С.М. е осуден на казна затвор во времетраење од пет години по чл.418 ст.2 од КЗ. Тој е предаден на Затвор Струмица.

Повеќе

Од трибината во Куманово, заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска упати јасна порака, време е за промена, време е Куманово да добие нова енергија и вистинско раководство. „Куманово заслужува многу повеќе. Време е да го поддржиме човекот кој има визија, искуство и искрена посветеност, Мартин Костовски,“ изјави Каранфилова-Пановска, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ е единствениот што нуди реални решенија за вистинските проблеми на граѓаните. Таа потенцираше дека промената започнува со човек кој не е зад канцелариска маса, туку меѓу луѓето. „Тој не е човек од канцеларија, тој е човек на народот. Чесен, вреден, посветен. Со него на чело, Куманово ќе оди напред,…

Повеќе

Вчера во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во координација со јавен обвинител, ги лишија од слобода Е.О.(29) и Е.А.(22), двајцата од Република Турција. Тие се затекнати при примање 40.000 евра од Х.Џ.Ч.(26) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои претходно се кримтехнички обработени. Имено, претходно во полициска станица Х.Џ.Ч. пријавил дека неколку дена лицето Б.О. од Република Туција, кој живеее во Обединетите Арапски Емирати, постојано му се заканувал дека ќе го убие ако не му дава пари. Според пријавеното, пред…

Повеќе

Страшни се податоците и доказите кои излегоа во медиумите во однос на тоа како се спречувала правдата во случајот Пулс, но најстрашно е што она што јавноста го знаеше и во што се сомневаше се покажа како точно. ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата директно го штителе сопственикот на „Пулс“, кој постапувал спротивно на сите стандарди, велат од СДСМ. „Затоа сега е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден ја попречуваше правдата. Сега е јасно зошто ги штитеше сите свои началници, зошто манипулираа, лажеа и ги напаѓаа граѓаните кои протестираа. ВМРО-ДПМНЕ е нечовечна партија, партија подготвена да гази по сопствените луѓе кои…

Повеќе

„Ветувам дека ќе изградиме 3 нови детски градинки. Една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Радишани, каде што се наоѓа старото училиште, изјави кандидатот за градоначалник за општина Бутел, Дарко Костовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Една нова детска градинка ќе изградиме во Бутел 1, на постоечки стар објект од детска градинка, рече Костовски. „И една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Визбегово, исто така каде што се наоѓа старото училиште. Тоа што сакам да го истакнам е дека за време на 4 години успеавме да изградиме две нови детски градинки, една во населеното место Бутел 1,…

Повеќе

Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден изнесува 12˚С или пониско, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. На веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија сè до 15 октомври. Овие информации ќе бидат објавувани согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ и врз основа…

Повеќе

Еден ученик загина, а 65 деца на возраст од 12 до 17 години се под урнатините на училишна зграда во индонезискиот град Сидоарџо. Најмалку 99 ученици се повредени откако вчера се урна училишната зграда на Исламскиот интернат Ал Козини. Спасувачите денеска, 12 часа по несреќата, интензивно работат на извлекување на децата од под урнатините. Се претпоставува дека бројот на загинати би можел да се зголеми, со оглед на тоа што некои повредени ученици се во тешка здравствена состојба. Според портпаролот на полицијата, зградата се урнала додека учениците биле на попладневна молитва. Тој истакна дека зградата се урнала поради неовластено проширување…

Повеќе