Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: МОН ја зголеми поддршката за талентираните ученици, од годинава целосно го финансира нивното учество на меѓународни натпревари

    Јаневска: МОН ја зголеми поддршката за талентираните ученици, од годинава целосно го финансира нивното учество на меѓународни натпревари

    30.09.2025 во 11:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Успесите на нашите најмлади секогаш стимулираат силни емоции и ја поттикнуваат
    вербата дека имаме сигурни раце на кои можеме да ја оставиме Македонија и да
    веруваме во подобра иднина. Затоа ја зголемивме поддршката кон талентираните, да
    чувствуваат доволна грижа од државата, да останат тука и да придонесат кон нејзиниот
    развој.

    Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на
    конференција организирана од Институтот за хемија при Природно – математичкиот
    факултет во Скопје, на која беа претставени успесите на македонските ученици и
    нивните ментори постигнати на меѓународните научни олимпијади по хемија во оваа
    календарска година.

    „Ги следам учествата на сите наши млади на меѓународните натпреварувања и водена
    од успесите ваши и на генерациите пред вас, ми беше должност да се заложам, а
    Владата ми даде поддршка и заедно го решивме предизвикот кој се провлекуваше од
    минатото и го доведуваше во прашање учеството на македонски претставници на
    големи меѓународни ученички натпреварувања. Од оваа година, Министерството за
    образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и
    нивните ментори кои ќе се квалификуваат на меѓународна научна олимпијада или
    натпревар. Поставивме системско решение и повеќе никој нема да има финансиски
    предизвици за да отпатува и да ја претставува својата земја“, рече Јаневска.

    На Меѓународната олимпијада по хемија што годинава се одржа во Дубаи,
    македонските ученици освоија по еден сребрен и бронзен медал, како и една
    пофалница, додека на Меѓународната „Менделеев“ олимпијада во Бело Хоризонте во
    Бразил освоија два бронзени медали.

    „Овие деца се дел од таа генерација во која веруваме дека може да донесе подобри
    времиња. Затоа што го ценат знаењето, постојано да надградуваат, знаат дека науката е
    столб на просперитетот и што е најважно – имаат натпреварувачки дух и прифаќаат
    предизвици што мора да се решат за да се стигне до победата“, рече Јаневска.

    Изрази уверување дека министерството ќе продолжи да ги унапредува политиките за
    поддршка на талентираните ученици и студенти, да доделува стипендии, парични
    награди и да вложува во младите научници.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04

    Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска

    06.10.2026 во 12:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.