Author: Author 04

Радишани добива нов модерен затворен базен, во вредност од 80 милиони денари, извести градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Како што соопшти градоначалникот, предност во користење на овој базен ќе имаат учениците од ОУ „Ацо Шопов“, но генерално ќе можат да го користат сите ученици, а и граѓаните во подоцнежните часови. Тој најави и уште еден нов затворен базен во населеното место Бутел 1, во дворот на училиштето „Св. Климент Охридски“.

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, со посета на македонската црква „Света Богородица“ во Детроит и средба со иселениците, ја заврши неколкудневната работна посета на САД, што беше организирана по повод 80.Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Претседателката се обрати на генералната дебата на тема „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“, а оствари средба и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Посетата ја започна со обраќање на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција на жените, по што присуствуваше на ручекот „Women Rise for All“ приреден од…

Повеќе

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец.Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната…

Повеќе

„Прво човек, потоа градоначалник“ е слоганот со кој кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се претставува во кампањата за локалните избори. На прес-конференција денеска тој ја презентираше програмата „Визија за Скопје 2025-2045“ зад која, рече, стои неговиот тим од стручни соработници. Програмата се заснова на седум главни столбови, како што рече „темелите на иднината на нашиот град“ со кои „почнува урбаната ера која Скопје ќе го преобрази во европска метропола“: 1. Одржлив урбан развој во следните 20 години; 2. Здрава животна средина, 3.Целосна комунална обнова на градот; 4. Враќање на културниот идентитет на Скопје; 5. Дигитална трансформација…

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата сторија на ИРЛ која споменува вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени во обвинението, изјави: „Благодарам, се разбира дека случајот го води Обвинителството. Јавниот државен обвинител Коцевски, таму видовте и вие, изминатиов период дванаесетина обвинители беа тие коишто работеа на овој случај. Ако е прашањето, дали сум задоволен од работата на обвинителството, мојот одговор ќе биде не сум задоволен. И токму тоа беше причината зошто поддржавме во Парламентот смена на Коцевски. А зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски, тоа е…

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во своето гостување во Тема на денот во Дневникот на ТВ Сител, се осврна на актуелните предизвици поврзани со сајбер безбедноста во државата. Најавувајќи го Дигиталниот самит на Западен Балкан, кој ќе се одржи оваа недела на 1 и 2 октомври во Скопје, Андоновски зборуваше за важноста на темата сајбер безбедност, која ќе биде застапена на три панели и едно обраќање на Александер Поти, Директор на Агенцијата за сајбер безбедност на Украина. Тој потенцираше дека „Никогаш нема да може да кажеме дека сме сто проценти сајбер безбедни, но граѓаните треба да бидат спокојни затоа…

Повеќе

Вчера околу 10:30 часот на крстосница за с.Брод, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија ги лишија од слобода С.Ф.(51) и В.Ф.(26), двајцата од Битола. При преглед во возилото „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ф., а сопатник бил В.Ф., пронајдени се еден карабин и две ловечки пушки со дозволи, неколку уловени пајки, за кои, исто така, поседувале дозвола за лов, како и две уловени срни за кои не поседувале дозвола за лов. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 29.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 60 лица, а по преземени мерки поднесени се 36 кривични пријави. Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност. Воедно ве известуваме дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 29.09.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против истите ќе…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 22.09.2025 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,644 ден/кг и сега ќе изнесува 37,591 ден/кг.Од 30.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати…

Повеќе

Основниот кривичен суд Скопје, информира дека на 3 октомври, в петок истекуваат сите законски рокови за прием и достава на приговор на обвинителниот акт поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што се исполнуваат сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени. Судот, посочува дека во целост го разбира и почитува јавниот интерес во однос на обвинителниот акт со КООА 155/25 поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, и нагласува дека се работи за предмет со 37 обвинети правни и физички…

Повеќе