- Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
- Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
- Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
- Земјотрес ја погоди Србија
- Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
- Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
- Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
- Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
Author: Author 04
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ предупреди на сериозен пад на економските показатели и целосно погрешни политики на власта. -Кога граѓаните не можат да врзат крај со крај поради тоа што власта води лоши економски политики, кога цените не се под контрола, кога има пад на странските инвестиции тогаш тоа е јасен доказ дека економијата тоне. Минатата година, како резултат на нашите политики, странските инвестиции во првите шест месеци изнесуваа 600 милиони евра. Годинава, под оваа влада, таа бројка падна на само 200 милиони. Што може да очекуваме? Само дополнителен пад, намалување на извозот, посебно со…
Синоќа, Христијан Мицкоски јасно ја откри својата политичка опсесија за контрола врз албанската сцена во Македонија. Неговата најнова изјава, во која зборува за „политичко пензионирање“ на лидерот на Албанците, Али Ахмети, не е само лична желба, туку продолжение на неговата стратегија за слабеење, маргинализирање и контрола на Албанците, се наведува во соопштението од ДУИ. „Само пред неколку дена, тој изјави дека целта на овие избори е елиминацијата на ДУИ од политичката сцена на земјата, и со тоа го потврди она за што предупредувавме со месеци: Мицкоски не бара само изборна победа, туку доминација врз Албанците и обид за контрола на…
Во текот на изминатите недели, во мојата програма за Град Скопје јавно и транспарентно ги претставив проектите и визијата што го враќаат нашиот град на патот на вистинскиот урбан развој. Еден од клучните проекти е враќањето и модернизацијата на БРТ системот брз, ефикасен и одржлив јавен превоз, којшто Скопје одамна го заслужува. Синоќа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го најави токму истиот проект како дел од програмата на мојот политички противкандидат Орце Ѓорѓиевски.Оние што четири години го блокираа БРТ денес го нудат како свое решение. Тоа не е визија. Тоа е лицемерие. И додека тие се обидуваат да рециклираат идеи…
Партиите и независните кандидати денеска на вториот ден од кампањата за Локалните избори 2025 продолжуваат со официјалните претставувања пред гласачите. Изборната кампања, која почна вчера, ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври (втор круг 2 ноември). ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Вевчани (17:00), во Струга (18:30) и во Ресен (20:30). ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изборната кампања за Локалните избори 2025 вчера ја започнаа во Скопје со митинг на кој го промовираа кандидатот за градоначалник на главниот град, Орце Ѓорѓиевски. СДСМ и коалицијата караван на митинзи ќе одржат во Лозово (17:30), во…
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена. Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките…
Вчера во 11:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Д.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговото семејство и оштетил дел од покуќнината, информираа од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Септемвриската пензија пензионерите ќе ја добијат со покачен износ за 1.000 денари. Исплатата ќе почне задутре, на 1. октомври. „Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување, а потоа ќе има и напролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите линеарно со вкупен износ за пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 денари што ги зборувавме за време на кампањата“, изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски. Ова е трето покачување на пензиите во последната година. Во септември лани тие беа зголемени за 2.500 денари, а за ист износ…
Ми претставува особена чест и задоволство денеска да ја започнеме кампањата, од ова култно место во Прилеп, од плоштадот Методија Андонов Ченто, којшто е лик којшто претставува почеток на оваа држава. Така симболично од овде почнуваме со секоја кампања од ова место, како што реков култно во градов, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Ова нема да бидат избори само за битка кој би ги победил. Ова ќе бидат избори коишто ќе значат секојдневие на секој еден прилепчанец, ова ќе бидат избори коишто ќе донесат подобри улици, подобри училишта, подобри здравствени установи, подобар живот…
Со голема чест и благодарност денес Ви се обраќам на почетокот на едно ново поглавје, почеток на изборната кампања за довербата која што повторно ја барам од вас. Изминативе години ми ја доверивте честа и одговорноста да ја водам нашата Битола, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски. Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа, период, во кој сите заедно бевме сведоци дека Битола живееше во ритам на градење. Се градеше насекаде, од централното градско подрачје, до најоддалечените рурални места. Се работеше на јавните објекти, топлификацијата, инфраструктурата, културата, спортските објекти, се изградија патишта…
Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска најави целосна реформа на системот за собирање отпад во главниот град. „Ќе воведеме паметен систем по теркот на европските градови – со нова механизација и GPS рутирање на возилата, за точно да се знае каде е полно и каде треба да се собира отпадот. Ова ќе биде систем без импровизации и без доцнења“, порача Шукова. Дополнително, најави двојно зголемување на бројот на контејнери во сите скопски населби, со цел подобра покриеност и хигиена. Според неа, хаосот во Скопје е резултат на четиригодишната блокада и саботажа од ВМРО-ДПМНЕ, кои го контролирале…
