Close Menu
Press24
    Најново

    Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари

    30.10.2026 во 09:02

    Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли

    30.10.2026 во 08:56

    Скопјанец направил хаос – Ја истепал сопругата и кршел покуќнина

    30.10.2026 во 08:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари
    • Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли
    • Скопјанец направил хаос – Ја истепал сопругата и кршел покуќнина
    • Драма во Скопје: Малолетник нападнал вработена во средно училиште
    • Инцидент во Скопје: „Удираше по возилото па ме нападна и мене”
    • Петок носи пресврти во љубовта и работата: Дневен хороскоп за 30 октомври
    • Пресврт на нафтените берзи – По вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
    • „Нема повеќе маски“: СДСМ ја обвини Левица за анти-ЕУ и анти-НАТО политики
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Власта води лоши економски политики, странските инвестиции паднаа на 200 милиони евра

    Филипче: Власта води лоши економски политики, странските инвестиции паднаа на 200 милиони евра

    30.09.2025 во 09:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ предупреди на сериозен пад на економските показатели и целосно погрешни политики на власта.

    -Кога граѓаните не можат да врзат крај со крај поради тоа што власта води лоши економски политики, кога цените не се под контрола, кога има пад на странските инвестиции тогаш тоа е јасен доказ дека економијата тоне. Минатата година, како резултат на нашите политики, странските инвестиции во првите шест месеци изнесуваа 600 милиони евра. Годинава, под оваа влада, таа бројка падна на само 200 милиони. Што може да очекуваме? Само дополнителен пад, намалување на извозот, посебно со Германија, и стагнација на индустриското производство,“ изјави Филипче.

    Во однос на унгарскиот кредит, тој беше дециден:

    „Едноставно, никој не знае каде се една милијарда евра. Од најавени 350 милиони евра за општините, реализирани се помалку од 10 проценти. Па каде се парите? Нашите информации се дека тие се веќе потрошени, а компаниите кои аплицираат сведочат дека средства нема,“ нагласи Филипче.

    Тој потсети дека Владата дури ги сменила процедурите за Македонската банка за развој, која за прв пат зема пари директно од буџетот наместо од меѓународни финансиски институции.

    „Зошто граѓаните да враќаат милијарди евра кредити за нешто што не носи капитален развој? Капитален објект е оној што носи додадена вредност и раст. Бехатон плочки во Штип тоа нема да го направат ова се погубни економски политики на власта,  политики кои ја задолжуваат државата, ја кочат економијата и ја загрозуваат иднината на граѓаните” потенцираше председателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    „Нема повеќе маски“: СДСМ ја обвини Левица за анти-ЕУ и анти-НАТО политики

    30.10.2026 во 08:30

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.