- Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток
- Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело
- ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило
- Од 1 мај со авион од Скопје до Тиват – Директна линија двапати неделно
- МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“
- Жената што си го отру семејството со печурки осудена на доживотен затвор во Австралија
- ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“
- Коалицијата на Нетанјаху победи на изборите во Израел, но без мнозинство во Кнесетот
Author: Author 04
Од трибината во Куманово, заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска упати јасна порака, време е за промена, време е Куманово да добие нова енергија и вистинско раководство. „Куманово заслужува многу повеќе. Време е да го поддржиме човекот кој има визија, искуство и искрена посветеност, Мартин Костовски,“ изјави Каранфилова-Пановска, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ е единствениот што нуди реални решенија за вистинските проблеми на граѓаните. Таа потенцираше дека промената започнува со човек кој не е зад канцелариска маса, туку меѓу луѓето. „Тој не е човек од канцеларија, тој е човек на народот. Чесен, вреден, посветен. Со него на чело, Куманово ќе оди напред,…
Вчера во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во координација со јавен обвинител, ги лишија од слобода Е.О.(29) и Е.А.(22), двајцата од Република Турција. Тие се затекнати при примање 40.000 евра од Х.Џ.Ч.(26) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои претходно се кримтехнички обработени. Имено, претходно во полициска станица Х.Џ.Ч. пријавил дека неколку дена лицето Б.О. од Република Туција, кој живеее во Обединетите Арапски Емирати, постојано му се заканувал дека ќе го убие ако не му дава пари. Според пријавеното, пред…
Страшни се податоците и доказите кои излегоа во медиумите во однос на тоа како се спречувала правдата во случајот Пулс, но најстрашно е што она што јавноста го знаеше и во што се сомневаше се покажа како точно. ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата директно го штителе сопственикот на „Пулс“, кој постапувал спротивно на сите стандарди, велат од СДСМ. „Затоа сега е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден ја попречуваше правдата. Сега е јасно зошто ги штитеше сите свои началници, зошто манипулираа, лажеа и ги напаѓаа граѓаните кои протестираа. ВМРО-ДПМНЕ е нечовечна партија, партија подготвена да гази по сопствените луѓе кои…
„Ветувам дека ќе изградиме 3 нови детски градинки. Една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Радишани, каде што се наоѓа старото училиште, изјави кандидатот за градоначалник за општина Бутел, Дарко Костовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Една нова детска градинка ќе изградиме во Бутел 1, на постоечки стар објект од детска градинка, рече Костовски. „И една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Визбегово, исто така каде што се наоѓа старото училиште. Тоа што сакам да го истакнам е дека за време на 4 години успеавме да изградиме две нови детски градинки, една во населеното место Бутел 1,…
Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден изнесува 12˚С или пониско, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. На веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија сè до 15 октомври. Овие информации ќе бидат објавувани согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ и врз основа…
Еден ученик загина, а 65 деца на возраст од 12 до 17 години се под урнатините на училишна зграда во индонезискиот град Сидоарџо. Најмалку 99 ученици се повредени откако вчера се урна училишната зграда на Исламскиот интернат Ал Козини. Спасувачите денеска, 12 часа по несреќата, интензивно работат на извлекување на децата од под урнатините. Се претпоставува дека бројот на загинати би можел да се зголеми, со оглед на тоа што некои повредени ученици се во тешка здравствена состојба. Според портпаролот на полицијата, зградата се урнала додека учениците биле на попладневна молитва. Тој истакна дека зградата се урнала поради неовластено проширување…
Доаѓа време кога нема да се прашуваме дали можеме подобро – тоа подобро, реално ќе го живееме!, напиша во својата објава на Фејсбук кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Тој потенцира дека, „Скопје го правиме заедно. По скопски“!
Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, дека рокот за аплицирање почнува од утре, 1 октомври, и трае до 30 октомври 2025. – Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение со положени испити (кое го издава факултетот) и уверение за предвидени и положени испити (УППИ) образец со успех од претходните години (го пополнува и заверува факултетот) и индекс (од прв запишан семестар до последен заверен семестар) како…
Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, синоќа гостуваше во дебатната емисија 24 анализа, на телевизија 24 пришто истата ги изнесе причините и мотивацијата за нејзината кандидатура за прв човек на општина Кисела Вода и чиј слоган е „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“. „Мотивот е желбата за продолжување на развојот на општина Кисела Вода и континуитет на она што изминатите 4 години со макотрпна работа се успеа да се постигне во Кисела Вода. Целта е таа да продолжиме да градиме една општина која ќе биде, која…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се директно одговорни за системското блокирање на функционирањето на Градот Скопје и за загадувањето на воздухот. Тој посочи дека Мицкоски и неговата партија не може да се амнестираат од градоначалничката Данела Арсовска, бидејќи токму тие ја промовираа како најдобра менџерка и ја донесоа на чело на Град Скопје. „Скопјани знаат кој е крив за хаосот, освен градоначалничката, и ВМРО ДПМНЕ, коишто внимавајте, ги имаат сите управни одбори на сите градски претпријатија, на пример Јавното сообраќајно комунално претпријатија. Тоа се членови на…
