Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: ВМРО ДПМНЕ е подготвена да си ги отруе граѓаните за сопствените рејтинзи

    Филипче: ВМРО ДПМНЕ е подготвена да си ги отруе граѓаните за сопствените рејтинзи

    30.09.2025 во 09:432 Mins Read
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се директно одговорни за системското блокирање на функционирањето на Градот Скопје и за загадувањето на воздухот. Тој посочи дека Мицкоски и неговата партија не може да се амнестираат од градоначалничката Данела Арсовска, бидејќи токму тие ја промовираа како најдобра менџерка и ја донесоа на чело на Град Скопје.

    „Скопјани знаат кој е крив за хаосот, освен градоначалничката,  и ВМРО ДПМНЕ, коишто внимавајте, ги имаат сите управни одбори на сите градски претпријатија, на пример Јавното сообраќајно комунално претпријатија. Тоа се членови на ВМРО ДПМНЕ. Зарем некој ги заборави и сликите кога ја промовираа пред Белата палата, пред 4 години, како вчера да беше. Па видете што се случи во овие 4 години, заради нивната кавга, која како што во јавност излезе е за одредени дилови“, рече Филипче. 

    Тој потсети дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ дури 26 пати гласаа против набавка на нови автобуси за ЈСП, што според него е доказ за нивната свесна намера да го блокираат развојот на градот за партиски поени.

    „Да ги потсетам Скопјани, дека 26 пати, не еднаш, 2 пати, 5, 10 пати – туку  26 пати, советниците на ВМРО ДПМНЕ, гласаа против набавка на автобуси во Советот на Град Скопје. Па како може да ја тргнат од нив одговорноста? “, рече Филипче.

    Во интервјуто, Филипче потести и на пожарот во Трубарево, нагласувајќи дека ВМРО ДПМНЕ е подготвена да си ги отруе граѓаните за сопствените рејтинзи. 

    „Министерот за здравство лажеше дека е чист воздухот, министерот за внатрешни работи не направи соодветна евакуација на Скопјани, макар во тој дел кој што живеат, предупредивме каква анализа треба да се направи на воздухот“, рече Филипче.

    Тој додаде дека СДСМ постојано после пожарот во Трубарево предупредуваше каков тип на анализи треба да се направат на почвата, воздухот и водата, но власта задоцни.

    „Па кога стигнаа резултатите, излезе дека воздухот биле сериозно загаден. Кој ќе превеземе одговорноста за труењето на Скопјани во тие денови кога страшно цел град мирисаше поради пожарот? Мислите дека таа одговорност може лесно да се симне со некаква ПР пропаганда? Не, Скопјани многу добро знаат кој го води градот, кој ги води институциите“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.