- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
Author: Author 04
Време за решавање на сообраќајниот хаос и проблемите со паркирањето, за решавање на проблемот со чистотата, за нови градинки и воведување едносменска и целодневна настава во училиштата низ Чаир. Сега е време за културни фестивали, жива Чаршија, отворено културно скопско Кале. Сега е време за Чаир како студентски, образован и културен центар за Албанците, порача Изет Меџити денес на прес-конференција за претставување на својата кампања како кандидат за градоначалник на Чаир на претстојните локални избори. Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити, нагласувајќи дека ова не е само кандидатура за градоначалник, туку како што рече, „ова е почеток…
Министерот за внатрешни работи денеска имаше средба со новоакредитираниот амбасадор на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром. На средбата беше потврдено традиционалното пријателство и долгогодишната успешна соработка меѓу двете земји, заснована на доверба и партнерство. Министерот изрази благодарност за континуираната поддршка што Владата на Кралството Шведска ја обезбедува – како во процесот на зајакнување на капацитетите на македонската полиција преку шведската полиција, така и во насока на европските интеграции на државата, соопшти МВР. Амбасадорот Солстром ја поздрави посветеноста на Владата и Министерството за внатрешни работи во борбата против криминалот и корупцијата и се заблагодари за придонесот на МВР…
Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во одоговор на новинарско прашање поврзано со новите откритија на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), за трагедијата во Кочани, изјави дека се потврди она што и СДСМ го зборуваше во јавноста – власта направи се за да си ги заштити своите функционери. „Ние изминатиот период видовме дека оваа власт направи се да заштити свои функционери во истрагата за Кочани и еве сега гледаме дека практично тие биле многу чести гости и привилегирани гости на таа дискотека “ изјави Филипче. Тој потенцираше дека токму поради јавните настапи и прес-конференции на СДСМ беа…
Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Драчево, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ќ.(60) и 45-годишната Е.А., од една страна и 41-годишната С.Д. и Т.Д.(20) од друга страна, сите од Скопје. Исто така, во 21:00 часот во СВР Скопје, Е.А.(45) пријавила дека околу 13:30 часот Т.Д. и упатувал закани на неа и И.Ќ.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат село Кривогаштани-Крушеани, патничко возило „дфск“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од село Трновци, општина Могила, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од с.Бела Црква, општина Кривогаштани, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп, известија од полицијата за овој случај. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на состанок на Работниот комитет за спроведување на Националната развојна стратегија 2024-2044 година истакна дека изградбата на „сигурно, безбедно и отпорно општество во време на глобални предизвици е од приоритетно значење за нас.“ Како што информира Министерството за одбрана, Мисајловски се осврна на развојот на одбранбениот систем и инвестирањето во одбраната кое овозможува интензивно опремување и модернизација на македонската Армија. -На последниот самит на НАТО, ние – сите 32 земји членки, едногласно ја донесовме одлуката која ќе значи посилна одбрана. Во следниве 10 години, односно до 2035 година, инвестициите во одбраната да го достигнат…
Вчера во 21:05 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Л.(26) од Битола, удрило во 21-годишната П.Т.М. од Гевгелија, со престој во Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Т.М., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, 56-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена за сума од 18.000 денари. Според пријавеното, таа претходно на социјална мрежа стапила во контакт со едно женско лице, која изнајмувала стан. Како што е пријавено, на 28.09.2025 парите за депозит ги оставила во сандаче од станбена зграда на подрачјето на Чаир, каде што претходно лицето ѝ посочило. Според пријавеното, исто така, подоцна кога се обидела да стапи во контакт со лицето, но не успеала, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Секоја продавница што ќе се отвори во чаршија ќе биде субвенционирана од Општината. Секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија од Општината, најави меѓу другото, кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, на денешното претставување на неговата програма за претстојните локални избори. – Прашањето на Чаршијата е многу важно. Јас сум рекол дека Чаир нема море, но, ја има Чаршијата. Што би посакал секој град да го има? На Чаршијата не ѝ треба многу. На Скопската чаршија ѝ треба само да ѝ се врати оригиналниот изглед на минатото. Луѓето во чаршија доаѓаат поради историскиот аспект. И ова…
За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС, изјави Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. „Судството под команда на СДС и ДУИ, даде вкупно 3 години затвор, за 14 живи изгорени луѓе во модуларната во Тетово. По 1,5 година за двајца директори на Тетовската болница, а Венко Филипче не беше повикан ниту на информативен разговор. За губење на човечки животи казни како за прекршок, а за кубење коса се добива и до 4 години затвор. Апсурд кој постои само во судството под диктат на…
