Author: Author 04

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, 35-годишен маж од Куманово пријави дека бил измамен од две лица за сума од 1.110.000 денари. Според пријавеното, лицата го контактирале  на мобилни апликации, претставувајќи се како сопственици на градежни машини, за кои  пријавителот бил заинтересиран да ги купи. Како што е пријавено, откако се договориле, тој по насоки од едното лице ги предал парите на другото лице на каса прими на приватен субјект, а откако го контактирал лицето за да ги подигне машините тој му рекол дека работи сам и дека парите требало да ги уплати на негова сметка. Исто така, според пријавеното, истите…

Повеќе

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација. Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, забрзување на македонскиот и регионалниот евроинтегративен процес и превземање итни чекори за подобрување на европската и глобалната безбедност. Обајцата ја потврдија одличната соработка, втемелена во заедничкото духовно наследство, културната блискост и искреното пријателство. Претседателката му се заблагодари на словачкиот претседател за континуираната поддршка на македонското членство во Европската Унија, повторувајќи дека процесот…

Повеќе

Ноќеска во 00:30 часот во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Во септември за 93 лица кривични пријави за дела поврзани со недозволена трговија со дрога, запленети над 38 кг марихуана и други наркотични супстанци, соопшти МВР.Во рамки на активностите на полициските и оперативни служби при МВР, во делот на сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на месец септември вкупно се регистрирани 78 кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, и притоа согласно Кривичниот законик, кривично се пријавени 93 сторители. Според кривично правната класификација 71 од овие дела се за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а седум кривични дела се…

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект со историско значење за дигиталната трансформација на Република Македонија. Проектот, со вкупна вредност од околу 6 милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, а е ко-финансиран од Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ – носител на проектот. „Ова е капитален проект со историско и национално значење – нова страница во дигиталниот развој на Македонија, во која Владата, универзитетите и индустријата заеднички градат национален систем за вештачка интелигенција, со ‘Везилка’, нашата држава станува активен дел…

Повеќе

По трагичната вест за смртта на Владимир Блажев – Панчо од ДНК, бројни пријатели од јавниот живот изразуваат неверување и тага. Меѓу емотивните пораки се издвојува онаа на водителката Миа Костова, која преку социјалните мрежи се прости од својот близок пријател. Костова напиша: „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш.“

Повеќе

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, се придружи на низата јавни личности кои емотивно се простија од Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК, кој почина по долго боледување од повредите здобиени во пожарот во „Пулс“. Антиќ, кој беше близок пријател со Панчо, преку социјалните мрежи сподели порака со која ја изрази својата длабока тага. Со многу емоции, Антиќ напиша: „Џуџе мое, многу ќе ми фалиш.“

Повеќе

По веста за смртта на Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, кој ја загуби битката со повредите од пожарот во „Пулс“, македонската естрада со длабока тага се простува од својот колега. Пејачката Антониа Гиговска е меѓу првите што јавно изрази сочувство и тага. Таа на социјалните мрежи објави заеднички фотографии со Панчо, придружени со емотивна порака: „Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите.“

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за продолжено кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 и едно кривично дело – Одземање на моторно возило по член 242 став 1 од Кривичниот законик. За помалку од 20-тина дена, односно од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје, со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При кражбите користел сила за да ги скрши сигурносните сајли со кои биле обезбедени превозните средства и да ги одземе. На 28 септември…

Повеќе

Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура. „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на…

Повеќе