- Министерката Јаневска за извештајот на ЕК: Горда сум на сработеното
- Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка
- Муцунски: ЕK потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат
- Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
- Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
- Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање
- Стојаноска: СДС ја одолговлекува надзорната расправа за Алта банка и шират паника меѓу граѓаните, но за тоа треба да одговараат
- Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите
Author: Author 04
Во рамки на официјалната посета на словачкиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Петер Пелегрини. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. Најпрво, уште еднаш би сакала да му се заблагодарам на почитуваниот претседател Пелегрини, но исто така и вам за присуството. Нему за извонредната посета. Се работи за потврда на одличните билатерални односи меѓу двете земји, како израз на заедничката волја и решеност за продлабочување во иднина. Како што знаеме со Словачка нѐ врзуваат заедничкото наследство на Светите браќа Кирил и Методиј, блиски културни односи, сестрано и долготрајно пријателство. Денеска реков, ако сум…
Вчера во 11:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во ридот над германските гробишта во Битола било пронајдено тело на починато машко лице. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, соопшти СВР Битола.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува меѓудругото и прашањето за спорот со Бугарија да биде споменато за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, која утре доаѓа на средби со државниот врв во Скопје. Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од посетата, но и дали постои официјална комуникација со Софија, со оглед на најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека контактите се ќе интензивираат по изборите и во Новата година, нагласи дека очекува да се постави и ова прашање и додаде дека ние секогаш сме подготвени да разговараме со аргументи. -Очекувам да се спомене и…
Вчера во СВР Штип, 57-годишник од Пехчево, во присуство на претставник од Центар за социјални работи Штип, пријавил дека на 08.10.2025 лице од пехчевско село ја силувало неговата 17-годишна ќерка, лице со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.
Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари. Државната изборна комисија (ДИК) врши достава недоверливиот изборен материјал до сите општински комисии, а в четврток и петок ќе се доставува и доверливиот изборен материјал. Тоа беше соопштено на денешната 144. седница на ДИК. Доставата на доверливиот изборен материјал, како што истакна претседателот на Комисијата Борис Кондарко, се врши под целосно и постојано обезбедување од страна на МВР, според однапред усвоен и предвиден план и процедури, кои се надлежни да ги применуваат…
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека според нивната електронска евиденција, доктор Игор Кузмановски, разрешениот директор на Клиниката за неврологија, во здравствениот регистар е евидентиран како специјалист по неврологија со факсимил број 712680 и дека истиот е активен во рамки на договорот за обезбедување и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, склучен меѓу ФЗО и Универзитетската клиника за неврологија. Факсимилот со број 712680, согласно евиденцијата на Фондот, е активен од 1 април 2010 година, со еден прекин во април 2018 година поради користење неплатено отсуство. Одобрението за издавање на овој факсимил е дадено врз основа на официјално…
„Во изминатите четири години направивме многу за Центар, за животот на сите генерации. Имаме уште многу работа, програма и план, стручни луѓе и знаење, желба и енергија. Заедно победуваме. Со нас, твојот глас вреди и значи најмногу. Ве повикувам масовно да излеземе и да гласаме за Центар што го сакаме“, вели кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите од СДСМ Горан Герасимовски. Герасимовски, потенцира дека новата програма за работа за втор мандат е јасна, прецизна, остварлива и која Центар ќе го направи вистинско и посакувано место, најдобро за сите. „Мојата визија опфаќа силен фокус на образованието, културата, спортот и…
Кандидатот за градоначалник Александар Трајановски денеска го претстави новиот проект од својата програма „Искуство за успех“, изградба на современ Скопски Експо-Центар на местото на поранешната касарна во Бардовци, во општина Карпош, се наведува во соопштението од изјавата на кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“. „Денеска сме овде, на периферијата на Карпош и Бардовци, пред локацијата на старата касарна, простор кој е запуштен и затворен повеќе од една деценија,“ изјави Трајановски. „Во минатото, овој простор беше предлаган за сместување на бегалци и мигранти, што со право предизвика револт и протести кај граѓаните. Наместо да остане…
Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација. Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, забрзување на македонскиот и регионалниот евроинтегративен процес и превземање итни чекори за подобрување на европската и глобалната безбедност. Сиљановска-Давкова и Пелегрини ја потврдија одличната соработка, втемелена во заедничкото духовно наследство, културната блискост и искреното пријателство. Претседателката му се заблагодари на словачкиот претседател за континуираната поддршка на македонското членство во Европската Унија,…
Ноќеска во 00:35 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Џ.М.(18) од Куманово. Тој бил затекнат додека во угостителски објект на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово одземал предмети. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
