- Креирал лажен профил со фотографија од поранешната девојка: 34-годишник од Кочани заработи кривична
- Две години ја следел, вознемирувал и психички малтретирал – млада кочанчанка преживувала ужас
- Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
- Паднаа полицајци осомничени за кражба на накит и полово вознемирување во Прифатниот центар за странци
- Му паднале 193 таблети од џеб пред затворот во Велес: 24-годишник приведен од полицијата
- „Слушнав звук на кровот од куќата“ – скопјанец на терасат пронашол залутан куршум
- Директорот на БЈБ Јанев на состанок за борба против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе
- Подгответе топла облека – УХМР најавува пресврт кон крајот на неделата
Author: Author 04
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, се придружи на низата јавни личности кои емотивно се простија од Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК, кој почина по долго боледување од повредите здобиени во пожарот во „Пулс“. Антиќ, кој беше близок пријател со Панчо, преку социјалните мрежи сподели порака со која ја изрази својата длабока тага. Со многу емоции, Антиќ напиша: „Џуџе мое, многу ќе ми фалиш.“
По веста за смртта на Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, кој ја загуби битката со повредите од пожарот во „Пулс“, македонската естрада со длабока тага се простува од својот колега. Пејачката Антониа Гиговска е меѓу првите што јавно изрази сочувство и тага. Таа на социјалните мрежи објави заеднички фотографии со Панчо, придружени со емотивна порака: „Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите.“
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за продолжено кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 и едно кривично дело – Одземање на моторно возило по член 242 став 1 од Кривичниот законик. За помалку од 20-тина дена, односно од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје, со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При кражбите користел сила за да ги скрши сигурносните сајли со кои биле обезбедени превозните средства и да ги одземе. На 28 септември…
Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура. „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на…
Израелски беспилотни летала отвориле оган врз жителите додека ги проверувале нивните домови Израелските воени сили тврдат дека издале предупредувања и испукале предупредувачки истрели пред пукањето Четири палестински цивили биле убиени во израелски воздушен напад источно од градот Газа, и покрај договорот за прекин на огнот што е на сила петти ден по ред, објави Вафа утрово. Медицински извор изјавил дека четирите лица биле убиени кога израелски беспилотни летала пукале врз жителите кои ги проверувале нивните домови во населбата Шуџаја источно од градот Газа. „Тајмс оф Израел“ објави дека тројцата Палестинци наводно биле убиени во нападот на ИДФ откако „очигледно се…
Времето утре променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб северен ветер.Под влијание на влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок.
Вчера во 17:20 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ги лишија од слобода В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар. Тие се сомничат сториле кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик. При извршена контрола, полициските службеници ја затекнале В.Б. како со нејзината малолетна ќерка питачи, а во нивна близина бил Б.Б.. Известен е јавен обвинител и на местото се, повикани таткото на малолетничката и претставници од Центарот за социјални работи од Дебар. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.
Градоначалникот и кандидат за нов мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, со писателката Ксенија Николова разговараа искрено и отворено за состојбите во културата, поддршката за младите талентирани автори и уметници и културниот идентитет на Општина Центар. Се согласија дека на младите луѓе им е потребен вистински простор и соодветни услови за да ги изразат и развиваат нивните креативни идеи. Герасимовски потенцираше дека Општина Центар, како ретко која друга општина, инвестира во квалитетна културна програма и младиот креативен уметнички капацитет. „Приоритет ни се нашите уметници и творци и затоа имаме најдобра урбана културна сцена во Скопје. Пример за тоа се муралите…
Легендарниот Халид Бешлиќ ја загуби битката со ужасна болест на 7 октомври, а вчера околу 50.000 луѓе го испратија на вечно почивалиште во Сараево. Огромен број луѓе излегоа на улиците на Сараево за да му оддадат последна почит на легендарниот пејач, а по комеморацијата, на која присуствуваа многу гости, се огласи познатата водителка Хана Хаџиавдагиќ. Таа сподели објава во која нагласи колку е тажна затоа што на комеморацијата присуствуваа само поканети гости. Меѓу многуте гости кои присуствуваа на величественото збогување со легендата на народната музика, имаше и бројни гости. Сепак, најголемо внимание привлече регионалната легенда Дино Мерлин, кој одржа трогателен…
