- Две кражби во Велес, еден осомничен: Пронајдено дел од украденото
- Пијан предизвикал сообраќајка, малолетник седнал зад волан без дозвола – четворица возачи уапсени
- Над 70 илјади пријавени за бесплатна вакцинација против грип, вакцинирани над 6.200 граѓани
- Истрага за разбојништвата во Хром и Ѓорче Петров: Обвинителството бара нов притвор од 48 часа за четворицата осомничени
- Јегуновце: Го нападнал сопствениот син по кратка расправија, полицијата го приведе
- Два месеца крадел на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 38-годишник
- Апсења во Скопје
- Паднаа двајца полицајци од Радовиш: Навеле лажни податоци во службен извештај за контролирани возила
Author: Author 04
Како политичка партија го ставаме државиот интерес пред партиските емоции, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање од што ќе зависи дали по локалните избори ќе се одржат и предвремени парламентарни на што повикаа опозициските партии. Според Мицкоски, жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори. Премеирот, по средбата со претставници на Стопанска комора на северо-западна Македонија, во рамки на изборната кампања, истакна дека Владата има полн легитимитет, а дека политички партии што повикуваат на предвремени избори немаат програма за мобилизирање на своите гласачи освен поделби и националистички испади. – Повеќе…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село. Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“. Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Т.(63) од Росоман поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи”. Пријавената, без дозвола од надлежен државен орган, во својот дом во Росоман држела ловечки карабин ,,сувенир” М-92, ловечка пушка ,,застава” кал.16 мм и куршуми различен калибар.
Грејната сезона 2025/2026 официјално започнува на 15 октомври за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во Скопје, соопшти АД ЕСМ. Системот опфаќа околу 66.000 активни потрошувачи, од кои 65.000 се домаќинства, а над 1.000 се деловни објекти, меѓу кои болници, училишта, градинки и здравствени установи. Испораката на топлинска енергија ќе се врши секојдневно, според строго утврдени правила кои зависат од надворешните температури и временските услови. Во октомври и првата половина од ноември, испораката ќе се прилагодува во текот на денот, однсоно ќе се зголемува кога температурите се пониски, а ќе се намалува или прекинува кога тие ќе ги…
Граѓаните да излезат масовно на локалните избори, за да влеземе што поскоро во град Скопје и да ги решаваме работите, порача денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по средбата со претставници на Стопанска комора на северо-западна Македонија, во рамки на изборната кампања. – Да влеземе прво во град Скопје. Од оние информации што ги имаме добиено, а се аларматни, таму има многу работи што треба да се решат, пред се, должничко-доверителни односи. Затоа ги замолувам граѓаните да излезат масовно на 19 октомври, Орце Ѓоргиевски да биде идниот градоначалник и да можеме што поскоро да влеземе во администрацијата и…
Кејот во Ѓорче Петров, требаше да биде симбол на урбано зеленило и активен живот, истакна Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје, порачувајќи дека жителите на Ѓорче Петров заслужуваат многу повеќе од кал, трње и лажни ветувања. „Се сеќавате што ветија? Зелен спортски кеј, 40 километри вело и еко коридори. А што добија жителите, ниту спорт, ниту зеленило, само запуштен простор и уште едно разочарување. Ѓорче Петров е оставена општина, како да не е дел од Скопје“, истакна Шукова во изјава за медиумите. Таа го посочи конкретниот потег од Влае до Хром, долг само еден ипол километар, како вистинска слика…
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтенитедеривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,001 денар по…
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во интервјуто за Фактор вели дека како и досега, продолжува да работи со системот „сите заедно“. „Резултатите ги знаат граѓаните и јас верувам во нив. Сакам да продолжиме да работиме како целина, да се интегрираат проектите, да се остваруваат, да имаме коректен и културен натпревар на идеи и инцијативи. Сакам да имаме натпревар за најдоброто, да се бориме да бидеме подобри еден од друг. Верувам во тоа, колку и да изгледа идеалистички за Скопје. Во едно сум сигурен. Јас ќе понудам соработка со сите. Во сите области од ингеренциите на Општината сакам…
Две години условна казна за незаконско назначување на директор во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична казна од 2.500 евра за „Браќа Миладиновци“ во Струга доби струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Условна казна од две години доби и прво обвинетата Егзона Шеи, која ја извршувала функцијата в.д. директор во училиштето со фалсификувани исправи. Судечкиот судија Јордан Јованов кажа дека доколку го повторат делото во рок од две години, ќе следува една година ефективна затворска казна. Обвинетата Шеи, според него, која засновала работен однос во училиштето како апсолвент, како приправник работела четири години и од условот за поставување директор со пет…
Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за сторено кривично дело „попречување на правдата“. Според информациите на МВР, пријава е поднесена против Џ.Н. на работно место Виш инспектор за недозволена трговија со оружје и против О.С. на работно место Самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“ по член 368-а од Кривичниот законик. Првопријавениот, кој бил задолжен да постапува по предмет во кој две лица биле лишени од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено…
