- Две кражби во Велес, еден осомничен: Пронајдено дел од украденото
- Пијан предизвикал сообраќајка, малолетник седнал зад волан без дозвола – четворица возачи уапсени
- Над 70 илјади пријавени за бесплатна вакцинација против грип, вакцинирани над 6.200 граѓани
- Истрага за разбојништвата во Хром и Ѓорче Петров: Обвинителството бара нов притвор од 48 часа за четворицата осомничени
- Јегуновце: Го нападнал сопствениот син по кратка расправија, полицијата го приведе
- Два месеца крадел на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 38-годишник
- Апсења во Скопје
- Паднаа двајца полицајци од Радовиш: Навеле лажни податоци во службен извештај за контролирани возила
Author: Author 04
Вчера во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот законик. На 02.09.2025, по претходен договор со малолетничката, тој со возило ја земал од едно струшко село и ја однел во неговиот дом во Кавадарци. Откако настанот бил пријавен од родител на малолетничката, преземени се мерки во соработка со Центарот за социјални работи од Кавадарци и малолетничката е вратена во нејзиниот дом.
На 12 и 13 октомври на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Л.О.(20), Е.Ј.М.(40), Д.Ф.(25), Д.С.(18), Е.П.(20), Д.Т.(24), Р.М.(27), С.В.(25), А.С.(35), сите од Скопје и Ш.Н.(36) и А.В.(34), двајцата од Велес, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафеава материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера е пријавено дека околу 14:15 часот на експресниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(72) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Струмица. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на возилото ,,пасат“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот на возилото ,,голф” се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Увид изврши јавен обвинител во содејство на екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на…
Општина Центар изминативе четири години вложува во промоција и афирмација на македонската култура, јазик и уметност преку мурали, концерти и настани посветени на културното наследство. „Муралот „Бушавата азбука“ во Дебар Маало е посветен на промоција на кирилицата и ги поврзува генерациите, потсетувајќи на култната детска емисија преку која го учевме мајчиниот јазик. Веднаш во близина е и муралот на големиот драматург Горан Стефановски, а во боемскиот дел на Центар е овековечен и Александар Џамбазов, легендарниот композитор, диригент и творец на Златно славејче. посочува градоначалникот на Општина Центар и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски. Концертот „Нешто што ќе остане“ е…
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити со објава на својот Фејсбук профил соопшти дека ја прифатил поканата за дуел на ТВ21 но, како што посочува, неговиот противкандидат од Националната алијанса за интеграција Бујар Османи ја одбил. -Прифатив покана за дуел на ТВ21. За жал, ме информираа дека Бујар Османи одбил. Затоа вечер од 21 часот ќе ме гледате во интервју на ТВ21. Но, повикот останува: Бујар, не се плаши. Охрабри се, напиша Меџити на неговиот фејсбук профил. Како што посочува во објавата, демократија значи да се соочиш пред граѓаните. -Демократија значи да дозволиш народот да ги…
Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата vakcinacija.mk. Министерството годинава набави 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија. Министерството за здравство информира дека е во тек дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на неделава граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација. Вакцинацијата против сезонски грип ќе се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет во Скопје. „Потсетуваме дека е во тек пријавувањето за бесплатна…
Дигитализацијата на Скопје како еден од седумте столбови на програмата, најавувајќи трансформација на главниот град во прв целосно „paper-free“ град во државата, денеска ја претстави кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Со 17 проекти од оваа област, Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен. Дигиталната трансформација ќе се изврши во три клучни сегменти – комплетна внатрешна дигитализација на сите процеси и процедури, креирање на дигитални услуги и сервиси за граѓаните и бизнис заедницата и комплетна дигитализација на Советот и на јавните претпријатија, со што градот ја започнува најголемата административна реформа досега,…
Во текот на следната работна недела доаѓа и државниот празник 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба. Четвртокот ќе биде неработен за сите граѓани во Република Северна МакедонијаСогласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ…
