- Две кражби во Велес, еден осомничен: Пронајдено дел од украденото
- Пијан предизвикал сообраќајка, малолетник седнал зад волан без дозвола – четворица возачи уапсени
- Над 70 илјади пријавени за бесплатна вакцинација против грип, вакцинирани над 6.200 граѓани
- Истрага за разбојништвата во Хром и Ѓорче Петров: Обвинителството бара нов притвор од 48 часа за четворицата осомничени
- Јегуновце: Го нападнал сопствениот син по кратка расправија, полицијата го приведе
- Два месеца крадел на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 38-годишник
- Апсења во Скопје
- Паднаа двајца полицајци од Радовиш: Навеле лажни податоци во службен извештај за контролирани возила
Author: Author 04
Овен Можеби чувствувате силен импулс да преземете иницијатива, но внимателно изберете го моментот. Луѓето околу вас ја забележуваат вашата енергија, па затоа е одлично време да зачекорите или да започнете нешто ново. Бидете свесни и за вашите граници – не е сè до вас. Фокусирајте се на она што навистина го сакате. Бик Имате можност да ги стабилизирате работите што ве мачат. Ако сте трпеливи и практични, ќе ги решавате ситуациите со леснотија. Интуицијата може да биде силен сојузник во финансиите или личните односи. Дозволете си да му верувате на вашиот внатрешен глас. Близнаци Вие сте комуникативни и полни со…
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинија за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намали за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,001 денар по…
ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или сепак како што се трвди во телефонската комуникација што излезе во јавноста Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одгoворност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДС, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството. Дали Спасовски ја спасил Пулс од казна и која е неговата…
Најниска температура до 8:30 часот утринава е измерена на Попова Шапка -1 степен Целзиусов, додека во исто време највисока температура е измерена во Гевгелија 11 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Нула степени се измерени во Берово, 3 во Лазарополе, 4 во Демир Капија, Маврови Анови и Крушево, 5 во Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Претор и Штип, 7 во Крива Паланка, Битола, Охрид и Велес, 8 во Виница и Кавадарци и 9 степени во Тетово и Куманово. Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во…
Покровот на Пресвета Богородица Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кочани, нагласи дека во изминатата година неговата борба била насочена кон суштински промени во судството, институциите, за темелни реформи. „И затоа, во изминатата година, се борев за вистинска, искрена реформска промена на оваа држава. Се борев да направиме темелни реформи во судството и институциите. Се борев да ја турнеме оваа земја напред кон ЕУ затоа што само така, верувајте, можеме од корен да ги смениме работите”, порача д-р Филипче. Лидерот на СДСМ посочи дека и покрај потешкотиите и недостигот на политичка волја кај дел од лидерите, останува…
Без струја денеска ќе бидат жителите на неколку улици во Аеродром и Карпош. -На ден 14.10.2025 година (вторник ) без електрична енергија ќе останат: 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Божидар Рајковиќ. (Општина Аеродром); од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Крчин (Општина Карпош) и од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 4. (Општина Карпош), соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен. Како што соопшти УХМР, под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Во Тетово е оштетено луксузно возило „Порше Кајен“ откако го погодило залутано зрно од огнено оружје. Настанот бил пријавен на 12 октомври 2025 година, околу 11:20 часот, во СВР Тетово од страна на сопственикот Д.Т. (35) од Тетово. Како што информира полицијата, оштетувањето било забележано пред неговата куќа на улицата „Предраг Јанчевски“, каде што на левото крило од возилото било пронајдено оштетување предизвикано од зрно. Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а зрното е подигнато за понатамошна анализа и постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на потеклото на проектилот.
Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес, се обрати од населеното место Тремник и истакна дека проектот за изградба и реконструкција нови улици во населеното место Тремник е дел од серија на проекти, со вкупна вредност од околу 16 и пол милиони евра, обезбедени преку соработка со Светска банка. Според него, Тремник ќе добие современа локална инфраструктура. ,,Секогаш е задоволство кога се почнуваат нови проекти. Ова е една серија на проекти за изградба и реконструкција на локални улици, која што ја правиме насекаде низ државата. Вкупно во соработка со Светската банка, алоциравме некаде над 14 милиони евра за локални улици коишто одеа во три повици, а во моментот имаме…
