Author: Author 04

Државниот инспекторат на Република Хрватска го повлече производот од 500 грама „Комбино шпагети со црвена леќа“ откако беше утврдено дека содржи алерген – глутен, што не беше наведено на декларацијата на производот. Спорниот производ е ЛОТ 162210, со рок на траење од 3 јули 2026 година, испорачан од Spaichinger (Германија), додека се продава на мало од Lidl Croatia d.o.o. Според соопштението, производот не е во согласност со прописите за безбедност на храната, имено Правилникот за утврдување на општи принципи и услови на Законот за храна, како и Правилникот за обезбедување информации за храната на потрошувачите. „Ги молиме сите клиенти кои…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Во разговорите со центарци, тој најави дека во новата програма надоместокот за новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари. „За 50% го зголемуваме надоместокот за новороденче, од 7.000 на 10.000 денари. Со оваа мерка ги поддржуваме центарските семејства.. Родителите добиваат поголема финансиска поддршка во најважниот период, кога се раѓа нов живот и започнуваат нови семејни предизвици. Ги зголемуваме субвенциите за сите категории на граѓани“, рече Герасимовски. Тој, потенцираше дека развојот мора да продолжи, а концептот „За…

Повеќе

Жената Ж. Н. (46) била примена рано утрово во Ургентниот центар во Белград со прострелна рана. Неофицијално како што пренесуваат тамошните медиуми, таа била застрелана во ногата со пиштол и со брза помош била пренесена во болница. Како што се дознава, Ж.Н. им кажала на полицајците дека се самоповредила по расправија со сопругот. Оваа информација се проверува и нејзиниот партнер ќе биде сослушан. Според последните информации, повредената жена е надвор од животна опасност. Според неа, на сè му претходела расправија меѓу сопружниците. За случајот е известено надлежното обвинителство.

Повеќе

Вчера во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.З.(22) и Н.Д.(23), двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на Д.З., при што се пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Овен Можеби чувствувате силен импулс да преземете иницијатива, но внимателно изберете го моментот. Луѓето околу вас ја забележуваат вашата енергија, па затоа е одлично време да зачекорите или да започнете нешто ново. Бидете свесни и за вашите граници – не е сè до вас. Фокусирајте се на она што навистина го сакате. Бик Имате можност да ги стабилизирате работите што ве мачат. Ако сте трпеливи и практични, ќе ги решавате ситуациите со леснотија. Интуицијата може да биде силен сојузник во финансиите или личните односи. Дозволете си да му верувате на вашиот внатрешен глас. Близнаци Вие сте комуникативни и полни со…

Повеќе

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинија за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намали за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,001 денар по…

Повеќе

ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или сепак како што се трвди во телефонската комуникација што излезе во јавноста Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање, се наведува во соопштението од  ВМРО-ДПМНЕ. „Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одгoворност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДС, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството. Дали Спасовски ја спасил Пулс од казна и која е неговата…

Повеќе

Најниска температура до 8:30 часот утринава е измерена на Попова Шапка -1 степен Целзиусов, додека во исто време највисока температура е измерена во Гевгелија 11 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Нула степени се измерени во Берово, 3 во Лазарополе, 4 во Демир Капија, Маврови Анови и Крушево, 5 во Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Претор и Штип, 7 во Крива Паланка, Битола, Охрид и Велес, 8 во Виница и Кавадарци и 9 степени во Тетово и Куманово. Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во…

Повеќе

Покровот на Пресвета Богородица Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кочани, нагласи дека во изминатата година неговата борба била насочена кон суштински промени во судството, институциите, за темелни реформи. „И затоа, во изминатата година, се борев за вистинска, искрена реформска промена на оваа држава. Се борев да направиме темелни реформи во судството и институциите. Се борев да ја турнеме оваа земја напред кон ЕУ затоа што само така, верувајте, можеме од корен да ги смениме работите”, порача д-р Филипче. Лидерот на СДСМ посочи дека и покрај потешкотиите и недостигот на политичка волја кај дел од лидерите, останува…

Повеќе