Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски од Тремник: Инвестираме 16,5 милиони евра преку Светска банка за реконструкција на улици

    Николоски од Тремник: Инвестираме 16,5 милиони евра преку Светска банка за реконструкција на улици

    13.10.2025 во 16:363 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес, се обрати од населеното место Тремник и истакна дека проектот за изградба и реконструкција нови улици во населеното место Тремник е дел од серија на проекти, со вкупна вредност од околу 16 и пол милиони евра, обезбедени преку соработка со Светска банка. Според него, Тремник ќе добие современа локална инфраструктура.

    ,,Секогаш е задоволство кога се почнуваат нови проекти. Ова е една серија на проекти за изградба и реконструкција на локални улици, која што ја правиме насекаде низ државата. Вкупно во соработка со Светската банка, алоциравме некаде  над 14 милиони евра за локални улици коишто одеа во три повици, а во моментот имаме четвртиот и активен повик од дополнителни 2 и пол милиони евра, што значи дека вкупно некаде околу 16 и пол милиони евра инвестираме во локални улици и во реконструкција и во изградба“ кажа Николоски.

    Николоски истакна дека проектот за изградба на нови улици во село Тремник успешно ќе се реализира и жителите на Тремник ќе добијат современи улици.

    ,,Овој повик заврши успешно и ми е драго што жителите на село Тремник, не само што ќе добијат нови улици, туку тоа ќе биде од врвни изведувачи и од врвен надзор. Тука изведувач е градежната компанија ,,Гранит“, а надзор е светски познатата компанија ,,Ептиса“. Заедно со Светска банка, овие три елементи, даваат една сигурност дека проектот ќе биде успешно завршен. Сакам да се заблагодарам на Марија, која што како секретар на Општина Неготино работеше на овој проект, го аплицираше во Министерството за транспорт, Министерството за транспорт во Светска банка и успеавме да ги добиеме средствата. А, сега како градоначалник, ќе има чест и да ја пресече овде  лентата некаде за месец, до месец и половина, кога ќе се зaврши овој пат“, рече Николоски.

    Според Николоски, ова е проект кој општината сама не би можела да го реализира, а додаде и дека ќе продолжи поддршката за општина Неготино и очекува уште поинтензивна работа по завршувањето на локалните избори.

    ,,Ќе продолжиме на овој начин да ги поддржуваме и останатите општини, а секако и општина Неготино. Само да кажам дека се работи за улици во должина од вкупно  930 метри, само во населеното место Тремник, и вкупната сума која што ќе се потроши е некаде околу 9 милиони денари. Средства кои што општината сама не би можела да си ги дозволи“, истакна Николоски и додаде:

    ,,Ќе продолжиме да ја поддржуваме општина Неготино и се надевам дека по завршувањето локалните избори и изборот за Марија на градоначалник, уште по интензивно ќе работиме на овие проекти“.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.