Author: Author 04

Министерството за финансии на САД ги укина санкциите за неколку лица од Република Српска, меѓу кои и за лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, неговото семејство и неговите фирми, како и за голем број негови соработници. Санкциите се укинати и за српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ. Американското Министерство за финансии на 17 октомври ги укина санкциите за четворица соработници на Додик, кои беа на црната листа поради промоција на неуставниот „Ден на РС“. Според неофицијални извори укинувањето на санкциите се дел од договорот помеѓу САД и Додик – по правосилната пресуда тој да се повлече…

Повеќе

Оваа сабота (01.11.2025) нема да има марш, бидејќи е Задушница, информираше Здружението на граѓани 16 Март преку објава на нивниот Фејсбук профил. „Ден за да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде најавен дополнително“ информираат од Здружението во објава на Фејсбук.

Повеќе

Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект од стратешко значење за енергетската безбедност и диверзификација на снабдувањето со гас во регионот, беше во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Србија, задолжена за меѓународна соработка и европска интеграција, што се одржа во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14) во Скопје. Двете соговорнички се согласија дека проектот треба да се реализира во забрзана динамика, со цел да се овозможи поврзување на гасните системи на двете земји и…

Повеќе

Земјотрес со јачина од 3,9 степени ја погоди Црна Гора, според Републичкиот сеизмолошки институт на Србија. Земјотресот е регистриран на 27 километри од Никшиќ, а е почувствуван во Требиње во БиХ, но и во Хрватска и Албанија. Земјотресот е регистриран во 14:19 часот, со епицентар четири километри западно од Чараѓе во близина на Никшиќ. Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата. Сведоштва од луѓе од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија„Бев надвор, можев да слушнам, можев да слушнам силен рик, а потоа видов низ вратите и прозорците кои малку вибрираа“,…

Повеќе

Две лица се мртви, а најмалку 3 се уште се под урнатините на станбената зграда што се урна рано изутринава во турскиот град Гебзе. Сите петмина се од исто семејство, информираа локалните власти. Додека државната агенција Анадолија соопшти дека причината за уривањето не е позната, градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, пред новинарите изјави дека тоа би можело да биде поврзано со работите на блиското градилиште на метрото, пренесе Бета. Гебзе, со околу половина милион жители, се наоѓа на геолошки расед каде во 1999 година се случи земјотрес со јачина од 7,6 степени, во кој загинаа 18.000 луѓе. Експертите долго време…

Повеќе

Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, Д.П.(39) од Скопје пријави дека на 25.10.2025 околу 16:00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице, информираа од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

На вториот ден од учеството на VI-от Конгрес на Светската Конференција за уставна правда, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф.д-р Ана Павловска – Данева учествуваа на отворањето на Конгресот на кој се обратија следниве учесници:– Н.Е. г.Кун Ленартс, претседател на Судот на правдата на Европската унија (видео)– Н.Е. г.Сако Модибо, претседател на Африканскиот суд за човекови и народни права (видео)– Н.Е. г-ѓа Ненси Ернандес Лопез, претседател на Меѓуамериканскиот суд за човекови права (видео)– Н.Е. г.Феликс Болјањос Гарсија, министер за претседателство, правда и парламентарни односи– Н.Е. г.Џани Букикио, посебен претставник, почесен претседател на Венецијанската комисија при Советот…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска пред партиските членови и симпатизери на дебрчкото село Волино порача дека очекува изборната трка за Локалните избори да заврши со фантастична бројка од обезбедени 60 градоначалнички мандати. – На тоа ќе ја додадеме и бројката победи во 59 општини во советите. Тоа е резултат што не обврзува, но и мотивира да работиме уште попосветено и посилно, иако како Влада изминатите 16 месеци навистина премногу интензивно се вложивме за да докажеме дека може поинаку…Ние чуда ниту ветуваме ниту чуда се воможни, туку веруваме дека скромно и посветено, чесно успеавме да обезбедиме историска победа на овие…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог. „Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме од регионот, тој ни е судбина, ова важи не само за нас кои се уште чекаме да станеме кандидати или да ги завршат некои држави преговорите со ЕУ, но и за оние коишто веќе се во ЕУ, а припаѓаат на…

Повеќе

За подобар пристап и поголема безбедност работиме на нови клучки на експресниот пат Крива Паланка – Страцин!, најави Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) По пуштањето во употреба на делницата Крива Паланка – Страцин, се јави потреба од дополнителни клучки за подобра поврзаност со локалната патна мрежа. Токму затоа денеска со мојот тим од ЈПДП, заедно со пратеникот Бране Петрушевски,градоначалникот на Општина Ранковце Борче Спасовски, неговиот тим, како и актуелни советници во советот на општината бевме на терен на локациите каде што ќе се градат нови две клучки, истакна Трајановски. Трајановски посочи дека за полесен пристап…

Повеќе