Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Ведрана зад себе остави две деца: Синот е многу познат и почитуван, но ништо не се знае за нејзината ќерка во јавноста

    18.08.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ужас во Кисела Вода: Маж ја претепал бремената сопруга
    • ЦУК со најнови податоци: Активни се пет пожари на отворено, зафатена е и куќа во Старо Нагоричане
    • Масовна пресметка со камења во Батинци: Приведени осум лица и двајца малолетници, оштетено и полициско возило
    • Вознемирена мајка се јавила во Полициска станица Кисела Вода: Мојата 14-годишна ќерка е силувана
    • Турнал скала со вработен во ЕВН и физички нападнал друг со тврд предмет – полицијата приведе скопјанец
    • Почина уште еден пациент од западнонилска треска на Инфективна, хоспитализирани се 20 лица
    • Мицкоски: Армијата е силата што стои зад безбедноста на државата
    • Мисајловски: Модернизацијата на Армијата тече според планот, пристигнуваат и првите нови хеликоптери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска-Јоксимовиќ: Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија

    Божиновска-Јоксимовиќ: Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија

    29.10.2025 во 16:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект од стратешко значење за енергетската безбедност и диверзификација на снабдувањето со гас во регионот, беше во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Србија, задолжена за меѓународна соработка и европска интеграција, што се одржа во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14) во Скопје. 

    Двете соговорнички се согласија дека проектот треба да се реализира во забрзана динамика, со цел да се овозможи поврзување на гасните системи на двете земји и пристап до нови извори на гас, соопшти Министерството за енергетика, рударско и минерални суровини (МЕРМС).

    На маргините на форумот дополнително, во МЕРМС се одржа работен состанок на кој се дискутираше координацијата на институциите и операторите во двете земји за реализација на проектот. Биле разгледани процедурите и техничките чекори за понатамошно убрзување на активностите. 

    – Гасниот интерконектор со Србија е еден од најважните регионални инфраструктурни проекти што ќе овозможи вистинска енергетска стабилност и сигурност. Овој проект не е важен само за Македонија и Србија – тој е значаен и за цела Европа. Со оваа нова енергетска врска, двете земји добиваат пристап до алтернативни извори и рути, а Европа добива посилен и подобро поврзан Балкан. Ова е чекор што ја позиционира нашата земја како активен и одговорен партнер во новата енергетска карта на Европа. Нашата заедничка цел е овој проект да се реализира во најкраток можен рок – затоа што секој ден е важен за нашата енергетска иднина. Со заеднички напори ќе го реализираме овој проект, во тесна координација и постојана комуникација со нашите партнери од Србија, изјави Божиновска.

    Јоксимовиќ  порача дека заеднички ќе работат  интерконекторот да стане реалност во најскоро време.

    Истакна дека гасниот интерконектор со државава е проект кој има значење, како што рече, подалеку од нашите граници.

    – Тој е дел од визијата за регион кој е енергетски поврзан, сигурен и усогласен со европските цели. Србија и Македонија заедно покажуваат дека со партнерство и заедничка стратегија можеме да обезбедиме стабилна и предвидлива енергетска иднина. Соработката меѓу нашите две земји во областа на енергетиката е пример како регионалното партнерство може да донесе конкретни резултати. Соработката со колешката Божиновска и со македонскиот тим е интензивна и исклучително конструктивна. Уверена сум дека со заедничка координација и поддршка на нашите оператори ‘Србијагас’ и ‘Номагас’, ќе создадеме нова енергетска оска на стабилност меѓу двете земји. Имаме јасна динамика, завршени студии и поддршка од европските институции. Следниот чекор е координирана акција за изградба, изјави Јоксимовиќ.

    Со гасниот интерконектор Србија – Македонија треба да се овозможи двонасочна врска за транспорт на природен гас меѓу  двете држави, што ќе значи пристап до нови извори на снабдување.

    По Меморандумот за разбирање за изградба на интерконекторот, што го потпишаа двете влади, таков документ потпишаа и националните оператори „Србијагас“ и „Номагас“, а со цел забрзување на реализацијата на проектот.

    Гасоводот е во должина од 70 километри, од кои 47 во Србија, а 23 во државава.Кај нас ќе биде поврзан со постојниот гасовод кај Клечовце, а во Србија со гасоводот во Врање.
     Проектот претставува стратешка енергетска врска што треба да овозможи диверзификација на изворите на гас, поголема енергетска сигурност и регионална интеграција на гасните пазари. 

    Прочитај повеќе

    Ужас во Кисела Вода: Маж ја претепал бремената сопруга

    18.08.2026 во 14:46

    ЦУК со најнови податоци: Активни се пет пожари на отворено, зафатена е и куќа во Старо Нагоричане

    18.08.2026 во 14:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.