Author: Author 04

По трагичниот настан во Ново Место, каде што животот го загуби 48-годишен маж, словенечките власти ги засилија безбедносните мерки во областа Долењск. Голем број полицајци се распоредени на терен, а Секретаријатот на Советот за национална безбедност се согласи да активира мешани патроли составени од словенечката полиција и армија. Армијата ќе ја поддржува полицијата со човечка сила и опрема, јавува РТВ Словенија. Активирање на Законот за одбрана Секретаријатот ѝ предложи на Владата да го активира членот 37 од Законот за одбрана за период до една година. Безбедносната состојба ќе се разгледува секој месец. Иако Армијата ќе патролира, припадниците на словенечката армија…

Повеќе

Вчера околу 20:00 часот на ул. „Воденска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.А. (32) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд поради бегство од затвор. Ф.А. е осуден на казна затвор од девет години и еден месец за сторени кривични дела по чл. 215, 236 и 418 од Кривичниот законик, а за доиздржување има шест години и 14 дена. Лицето е предадено на надлежната казнено поправна установа.

Повеќе

Вчера околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија денеска од полицијата.  Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, каде што заедно со директорот Душко Коцевски разговараа за новите услуги и иновации во системот за паркирање. Коцевски го информираше Герасимовски дека на новите информативни табли на ПОЦ е поставен QR-код со директен линк, што овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка, без потреба од регистрација или испраќање SMS порака. „Одличен потег на ЈП ПОЦ за модернизација и поефикасно паркирање во општината. Ги следиме модерните трендови за побрзи и електронски достапни услуги со кои корисниците ќе можат полесно и поедноставно…

Повеќе

ГД „Гранит“ АД Скопје од денеска ќе започне со градежни активности за рехабилитација на државниот пат А2, делница Извор – Врбјани и рехабилитација на државниот пат А2 делница Ботун – Климештани каде согласно издаденото oдобрение од Министерството за транспорт се воведува времена измена на режим на сообраќај, информираат од компанијата. Нагласуваат дека согласно одобрението од Министерството со број 11–6150/4 од 28 октомври 2025 година, времениот режим на овие две делници ќе се одвива во период од 30 октомври 2025 година до 28 октомври 2026 година.

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска Давковка информираше дека вчеравечер присуствувала на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. „Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир“, истакна Сиљановска Давковка во нејзината објава на социјалните мрежи. Претседателката нагласи дека само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите.

Повеќе

За време на претстојниот викенд се очекува суво и стабилно време, соопштуваат синоптичарите. Единствена појава која ќе ја наруши идилата е утринската магла во одредени котлини. Сепак, стабилното време нема да трае долго. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат промена на временската состојба со почеток од понеделник. Кон крајот на денот во понеделник повторно се очекуваат врнежи од дожд. Тие најпрво ќе ги зафатат западните делови од земјава. Во вторник и среда, врнежите ќе се прошират на територијата на целата држава. УХМР предупредува дека наместа врнежите ќе бидат пообилни.

Повеќе

Во текот на 43. недела од 2025 година (од 20 до 26 октомври), во земјава се регистрирани 56 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот. Ова претставува намалување од 32,5\% во споредба со претходната недела, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). ИЈЗ посочува дека и покрај неделното намалување, пријавената инциденца (I=22,03/100.000) е сѐ уште под неделната граница на сезонската активност, што значи дека прагот за влез во сезоната на грип не е достигнат. Распределба на случаите по градови: Најмногу заболени лица оваа недела се регистрирани во: Во однос на возраста, најголем број од…

Повеќе

Аеродромите во Скопје и Белград се позиционирани како апсолутни лидери во регионот според објавениот зимски ред на летање, очекувајќи најсилен раст со по повеќе од половина милион патници. Главна причина за овој експлозивен раст е проширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“. Според податоците објавени од специјализираниот портал „Ex-Yu aviation“, Скопскиот аеродром планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе во однос на минатата година. Белградскиот аеродром е веднаш зад него со планирани 518 илјади патници повеќе. Охрид исто така бележи раст, со очекувано зголемување од 24 илјади патници. Речиси сите аеродроми од поранешна Југославија го зголемуваат расположливиот…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Општина Конче, Благој Илиев, ја побара подршката од граѓаните и порача дека општината има потенцијал да стане пример за развој и домаќинско управување. „Јас нема да ветувам лажни работи, ветувам акција, работа и резултати. Ќе реконструираме патишта, ќе ги уредиме централните делови на сите населени места, ќе ги реконструираме водоводите и ќе овозможиме бесплатни комунални давачки за вода, одвод и смет. Ќе изградиме зелен пазар, индустриска зона со фабрика за откуп, финансиска поддршка за земјоделците и стимулации за младите,“ рече Илиев. Тој додаде дека се предвидени и реконструкција на стадионот, мултифункционално игралиште, рекреативен простор…

Повеќе