- Новинарот Александар Видиновски ја промовираше книгата „На местото на настанот“
- (ВИДЕО) Хајди Клум ги откри своите два омилени костими за Ноќта на вештерките: Ги чувам сите
- Модно враќање на домашната сцена: Дизајнерката Ива Спасовска претстави нови креации
- (ВИДЕО) Кога „ладата“ ќе те остави на пат: Катарина Ивановска како заводлива „девојка од Југославија“ во новиот спот на Young Dadi
- Проектот LERMS лансиран во Mакедонија
- Ученик активирал солзавец за време на час
- Падот на банката ја однесе фотелјата: Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења поднесе оставка
- Масакр во Турција: Осуммина убиени на три различни локации, полицијата трага по напаѓачот
Author: Author 04
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.В.(37) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење службено дејствие“. На 08.08.2025 во угостителски објект во Виница, пријавениот со дрвен предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Од полноќ поскапува ЕУРОДИЗЕЛОТ за 2 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Со новата одлука, дизел горивото од утре ќе се продава по цена од 70 денари за литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98+ остануваат непроменети и ќе изнесуваат 73,5 денари и 75,5 денари по литар, соодветно. Исто така, без промена остануваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по 67,5 денари, како и на мазутот, чия цена изнесува 36,1 денар за килограм.
Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук соопшти дека денеска Општинската изборна комисија Гази Баба му го врачила уверението за неговиот избор за градоначалник на Општина Гази Баба во втор мандат. -Од срце им се заблагодарувам на сите граѓани на Општина Гази Баба за укажаната доверба, поддршка и верба во заедничката визија за поубава и посилна Гази Баба. Вие сте мојата најголема мотивација и причина да продолжам со уште поголем елан и посветеност!, напиша Стефковски. Тој упати честитки до претседателката и членовите на Општинската изборна комисија Гази Баба за професионално и успешно спроведениот изборен процес за избор на градоначалник и…
Општина Карпош ги опреми десетте основни училишта на своја територија со фотоволтаични централи што произведуваат електрична енергија за свои потреби. Локалната самоуправа ја реализираше оваа иницијатива, откако претходно ја реновираше и кровната конструкција на сите училишни установи, се наведува во денешното соопштение на Општина Карпош. – Во случајов, училиштата и детските градинки во Карпош се енергетски ефикасни објекти, со оглед на тоа што истите имаат поставено термичка изолација, прозорци со трослојно стакло, а некои од нив се загреваат на системи од обновливи извори на енергија, се додава во соопштението. Воедно, како што се истакнува, Општина Карпош е првата локална самоуправа…
Управител на фирма доби кривична пријава поради сомниение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, односно за непочитување на Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б.(48) од Скопје, управител на правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. На 14.12.2024, пријавениот постапил спротивно на Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа, на тој начин што на објект во изградба во село Липково, поради непоставена парапетна заштита на надворешно и внатрешно…
Кандидатот за градоначалник на Валандово од СДСМ Перо Костадинов во дебатната емисија на МТВ, ја побара поддршката од граѓаните за наредниот мандат и ја презентираше својата програма, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „Ја барам поддршката од граѓаните на општина Валандово, за сите заедно да продолжиме да создаваме локална средина во која ќе се чувствуваме достоинствено, слободно, која ќе напредува во секоја сфера, на секое поле, која ќе напредува како што изминатиот период одеше напред и да продолжиме отворено, чесно, стабилно, да го развиваме Валандово кое секојдневно ќе напредува и ќе биде подобро и подобро“,…
Во 15:55 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа О.Л., на возраст од 40 години од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. -При преземање мерки, кај него биле измерени 3,66 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, О.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР – Велес.
Вчера во 15:10 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го привеле Е.Ј., на возраст од 18 години од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом, агресивно се однесувал кон неговите родители. -При преземање мерки, кај него биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.
На подрачјето на Тузланскиот кантон утрово се спроведува акција, по наредба на Обвинителството на овој кантон, а поради сомневање за сексуална злоупотреба на деца – наведување малолетници на проституција. На мета се поединечни припадници на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон, неофицијално, наводно се осомничени вкупно шест лица, а се вршат претреси на неколку локации. Информациите велат дека се пронајдени и видеа од сексуална злоупотреба на деца. Истрагата известува дека меѓу повредените наводно има жители на Домот за деца без родителска грижа во Тузла. Министерството за внатрешни работи потврди дека акцијата е во тек.
Шесткатна зграда се урна во Коџаели, во близина на Истанбул, а според турските медиуми, седум лица се заробени под урнатините. Полициски, противпожарни и медицински екипи се на местото на настанот и во тек е спасувачка операција. Постојат информации дека во зградата живееле две семејства од по седум члена, засега не е познато дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз. Причината за уривањето на зградата сè уште не е позната.
