Author: Author 04

Четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, се спасени од планината Водно, откако останаа заглавени поради лошите временски услови и прекинот на електрична енергија на жичарата. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), првичната пријава околу 16 часот била за заглавени лица во гондола. Иако струјата потоа дошла и лицата стигнале до врвот на Водно, тие не можеле да се спуштат поради невремето и повторното снемување на електрична енергија. „Веднаш по добиената пријава полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници…

Повеќе

Во тек е истрага за трагичната смрт на германско четиричлено семејство кое почина на одмор во Турција откако беше однесено во болница со сомневање за труење со храна. Сепак, прелиминарниот извештај вели дека не се пронајдени токсични супстанции во примероците од обдукција и дека семејството најверојатно починало од хемиско труење на кое биле изложени во хотелот. Мајката Чигдем Бечек (27), таткото Сервет Бечек (36) и децата Кадир Мухамет (6) и Масал (3) беа однесени во болница од хотелот во кој престојувале во Истанбул откако консумирале улична храна. Турските медиуми известуваат дека во прелиминарниот извештај од истрагата се наведува дека семејството…

Повеќе

Утрово околу 04:20 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Валандов–Дојран, кога камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозот и се превртел. Во несреќата животот го загубила една мигрантка од Кина. СВР Струмица соопшти дека од здобиени повреди на местото на настанот починала мигрантка од Кина, а нејзиното тело е предадено на обдукција. Повредени се уште седум мигранти, исто така од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката. Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. На местото на несреќата увид изврши екипа од ОВР Гевгелија, во присуство на јавен обвинител. Во…

Повеќе

Во петок на 21 ноември се празнува Св. Aрхангел Михаил.Празникот на Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил. Но во ноември пак меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот…

Повеќе

Во период кога правосудниот систем ужива доверба од само 2%, дел од судството и обвинителството повторно го става фокусот на зголемување на платите, наместо на клучните сегменти како ефикасност, независност и брзо решавање на судските предмети. Иако располагаат со значителни примања, јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на застојот на предмети или пак поголема отчетност, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Ги прашуваме овие поединци кои се гласни за поголеми плати, а не за извршување на обврските, зошто вака бурно не реагираат кога предметите стојат по фиоки со години? Зошто нема револт кога граѓаните со…

Повеќе

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со заменик министерот, Ерџан Селими остварија средба со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски и претставници на Советот на општината. На средбата со градоначалникот Мицевски беше разгледана динамиката на спроведување на проектите одобрени во рамки на вториот јавен повик од потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините. Општина Сопиште, преку двата јавни повика, доби поддршка за 11 проекти, со вкупна вредност од 54.016.646 денари. На средбата со советниците се разговараше за клучните активности на Министерството како и за воспоставениот Ресурсен центар за поддршка на општините. „Во…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел ќе присуствува на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската унија, по покана на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Настанот ги обединува министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и на земјите од Западен Балкан.На состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на соработката меѓу Европската унија и регионот, со акцент на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани и зајакнувањето на демократската отпорност.Во рамки на посетата на Брисел, министерот Муцунски ќе има и одвоени средби со европската комесарка за…

Повеќе

Поради излевање на реката Пчиња, ТППЕ (Територијалната противпожарна единица) Старо Нагоричане утрово во 07:35 часот интервенираше за спасување на две заглавени лица. Интервенцијата се случила по повик од 112, а лицата биле заглавени во близина на бањата во село Стрновац, Општина Старо Нагоричане. Единицата интервенирала со едно возило и двајца пожарникари. Поради опасноста од излевање на реката, се апелира до граѓаните на Општина Старо Нагоричане да избегнуваат секакво движење и активности по течението на река Пчиња. Во случај да забележите лице во опасност од временските услови, веднаш јавете се на телефонските броеви за итни случаи.

Повеќе

Ноќниот клуб „Вилиџ“ во Виена, каде што се собираат Балканци, изгоре до темел, а сега менаџерот Раде Лазиќ, поранешен учесник во реално шоу и модел, проговори. Пожарот ја зафати дискотеката во вторник во 1 часот наутро. За среќа, клубот во тој момент беше затворен. Причината за пожарот сè уште не е позната. Дури 23 противпожарни возила и 88 пожарникари го гаснеа пожарот што буквално го зафати објектот. Раде Лазиќ, познат по своите врски со многу дами од јавната сцена и конфликтот со Кристијан Голубовиќ, го водеше клубот што изгоре до темел десет години. Пораснав со тебе повеќе од една деценија.…

Повеќе

Во денешната емисија „Студио 10“ на телевизија 24 гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, која зборуваше за Предлог буџетот за 2026 година истакнувајќи дека е развоен и скроен по мерка на граѓаните, за економски раст и развој на државата. „Највисок Буџет досега 6,7 милијарди евра, но за разлика од претходни буџети ова е повисок буџет, но ќе има помал дефицит, разликата помеѓу наплатата и потрошувачката овој пат за прв пат ќе се намалува, што значи ги зголемуваме наплатите, додека расходите многу внимателно и плански ќе ги реализираме. Она што е ветено ќе се реализира и затоа за капитални…

Повеќе