Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел ќе присуствува на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската унија, по покана на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Настанот ги обединува министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и на земјите од Западен Балкан.
На состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на соработката меѓу Европската унија и регионот, со акцент на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани и зајакнувањето на демократската отпорност.
Во рамки на посетата на Брисел, министерот Муцунски ќе има и одвоени средби со европската комесарка за проширување, Марта Кос, како и со Глен Микалиф, европски комесар за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт
- „Денови на Јустинијан I“ по 14-ти пат ги собира светските научници во Скопје
- Нов инфраструктурен зафат во Гази Баба – Мицкоски ќе го означи почетокот на работите
- Црногорскиот вицепремиер Ивановиќ во Скопје: Средби со Гаши и Николоски во рамки на посетата
- Ќе нема струја до 14 часот – Исклучување во делови на Скопје
- На маса 124 амандмани – Продолжува собраниската расправа за буџетот
- УХМР со многу лоша викенд временска прогноза
- Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
- Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

