Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Започнува зимското сметање на времето: Во сабота кон недела ги поместуваме стрелките еден час назад
    • Судење за „Пулс“: Вештакот тврди дека немало реконструкција, Обвинителството ја оспорува стручноста
    • 30-годишник од Скопје пренесен во болница, бил претепан со тврд предмет
    • Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство
    • „Сопругот и золвата ме натепаа“: 32-годишна скопјанка се јавила во полиција
    • Средба на Хоџа со претставници на МАТТО: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој
    • „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи
    • Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Македонските судии земаат до 3,2 просечни плати, а решаваат 4 пати помалку предмети од германските колеги

    Манасиевски: Македонските судии земаат до 3,2 просечни плати, а решаваат 4 пати помалку предмети од германските колеги

    19.11.2025 во 12:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во период кога правосудниот систем ужива доверба од само 2%, дел од судството и обвинителството повторно го става фокусот на зголемување на платите, наместо на клучните сегменти како ефикасност, независност и брзо решавање на судските предмети. Иако располагаат со значителни примања, јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на застојот на предмети или пак поголема отчетност, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Ги прашуваме овие поединци кои се гласни за поголеми плати, а не за извршување на обврските, зошто вака бурно не реагираат кога предметите стојат по фиоки со години? Зошто нема револт кога граѓаните со право бараат правда и одговорност? Секогаш кога се бара резултат, одредени лица се кријат зад оправдувања за наводни притисоци, наместо да покажат професионална посветеност. За нештата да бидат појасни, Македонија издвојува 0,39% од БДП што е едно од највисоките во регионот и Европа, вели Манасиевски.

    „А сега кога говориме за кадарот, Германија има околу 25 судии и 8 обвинители на 100.000 жители, додека Македонија има 22 судии и 9 обвинители. Но клучната разлика е во ефикасноста. Германските судии завршуваат околу 800 предмети годишно, додека пак македонските само од 170 до 200 предмети. Притоа, македонските судии и обвинители земаат од 2,3 до 3,2 просечни плати, а германските судии и обвинители само 1,08 просечни плати.

    Граѓаните не треба да чекаат 5 до 10 години за правосудна разрешница. Наместо приоритет да бидат личните привилегии, приоритетот мора да биде правдата, ефикасното судење и независноста. Очекуваме од судството и обвинителството да си ги засукаат ракавите и да ја исполнат својата обврска кон граѓаните“, истакна Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00

    Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството

    21.10.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.