Author: Author 04

Министерот за култура, Зоран Љутков, денеска информираше дека тендерот за избор на изведувач за изградба на новата Универзална сала не поминал. Како причина за неуспехот, Љутков наведе жалба поднесена до Комисијата за жалби, која се однесувала на изведувачот. „Според мене, тоа не е суштински проблем, но, како и да е, има известување од Комисијата. Наредната недела ќе го повториме тендерот“, изјави Љутков. Министерот призна дека овој пропуст ќе ја одложи работата за завршување на обновата за уште два месеци. Сепак, тој се надева дека новиот изведувач ќе биде избран до средината на јануари 2026 година.

Повеќе

Денеска (25.11.2025) година околу 10:00 часот од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага, на подрачје на ЕВР Гази Баба лишен од слобода е И.Ѓ.(26) од Гевгелија. Истиот се барал по издадена Централна потерница од Основен Суд Гевгелија за сторени кривични дела по чл.418-б “криумчарење мигранти” и 418-в ‘’организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти” за што е осуден на казна затвор во траење од осум години и шест месеци затвор. Лицето по приведувањето е предадено во КПУ-Затвор Идризово за понатамошна постапка.

Повеќе

Судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, денеска продолжи со изјаснување по однос на оштетни побарувања и кривичен прогон. Планираното изјаснување за вина на 37-те обвинети беше одложено откако Судот ги прифати приговорите на одбраната дека обвинението интегрирано со листата на докази не им е доставено на сите обвинети. Судијката Диана Груевска Илиевска најави дека Судот ќе изврши достава на сите обвинети во текот на денешниот и утрешниот ден. Сепак, Судот појасни дека не станува збор за ново обвинение, туку за интегриран текст без промена на фактичката состојба или правната квалификација. Обвинителството тврди…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, најави дека за многу кратко ќе биде позната цената на струјата што ЕСМ ќе ја понуди на тендер за потребите на домаќинствата. Иако не откри дали ќе се задржи досегашната цена од 62 евра за мегават час, премиерот потврди дека новата цена е веќе доставена до Владата и ќе биде дел од предлогот што тој ќе го достави на затворена седница. Мицкоски истакна една значајна промена во политиката на набавка: „Оваа година, бидејќи ќе биде годишен тендерот, нема да биде полугодишен како и досега, цената која што ќе ја понуди на тендерот ЕСМ, а ќе…

Повеќе

Вчера во  07.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во казино лоцирано на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице одзело пари и физички нападнал вработена во казиното. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање по што, против сторителот ќе биде поднесека соодветна пријава.

Повеќе

ОВР Кичево  поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата “ по член 353 од Кривичниот законик. Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево,  несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство. Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите…

Повеќе

Главната расправа за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска продолжи со поднесување оштетни побарувања, откако планираното изјаснување за вина на 37-те обвинети и воведните зборови на одбраната беа одложени. Одложувањето се случи поради забелешките на бранителите дека изменетиот текст на обвинението сè уште не им е доставен на нивните штитеници. Дел од бранителите побараа обвинението да биде преведено и на албански јазик. Кочанскиот обвинител Борче Јанев во судницата истакна загрижувачки нови информации поврзани со преживеаните: „Имало случаи каде лица првично по пожарот немале никакви повреди или симптоми… меѓутоа неколку месеци по пожарот веќе пријавуваат проблеми со дишење и други…

Повеќе

Фатена во огромниот скандал со ИПАРД тежок 130 милиони евра власта на Христијан Мицкоски прибегна кон единствено што знае: спнови и политички монитрани случаи, велат од СДСМ. „Власта ги оштети земјоделците за повеќе од 130 милиони евра со мега-корупциски скандал кој води директно до Трипуновски и Мицкоски и за кој нема никаква одговорност, ниту политичка ниту правна. Сега се обидува со монтирани обвинувања да дефокусира, да ја замајува јавноста и да се вади од сопствениот криминал во којшто е заглавена. Ваквите монтирани и неосновани пријави за Трајан Димковски, кој целосно ги разобличи сите злоупотреби на Министерството за земјоделство и неспособноста…

Повеќе

„Првата фаза е да го стабилизираме примарното здравство. Моментално на терциерно ниво имаме 70 отсто пациенти кои гравитираат кон Скопје, поконкретно во кампусот „Мајка Тереза“ заради примарно и секундарно здравство” – истакна министерот Алиу во „Топ Тема“ на Телма. Тој појасни дека се работи на регионализација, посебно во делот на онколошките услови, на амбулантско ниво. Градската болница е при крај, административната процедура е завршена за да може онколошките здравствени сервиси да ги нудат таму на амбулантско ниво. -Во КБ Битола исто така функционира, се прават подготовки и во КБ Тетово – прво сме многу внимателни, мора да се дефинира и…

Повеќе

Денеска (25.11.2025) во 08:50 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Р.(38) од Делчево. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево е сопрено патничко возило „поло“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Р. и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,09 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Повеќе