Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: 70% од пациентите гравитираат кон Скопје, работиме на регионализација на онколошките сервиси

    Алиу: 70% од пациентите гравитираат кон Скопје, работиме на регионализација на онколошките сервиси

    25.11.2025 во 12:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Првата фаза е да го стабилизираме примарното здравство.  Моментално на терциерно ниво имаме 70 отсто пациенти кои гравитираат кон Скопје, поконкретно во кампусот „Мајка Тереза“ заради примарно и секундарно здравство” – истакна министерот Алиу во „Топ Тема“ на Телма.

    Тој појасни дека се работи на регионализација, посебно во делот на онколошките услови, на амбулантско ниво. Градската болница е при крај, административната процедура е завршена за да може онколошките здравствени сервиси да ги нудат таму на амбулантско ниво.

    -Во КБ Битола исто така функционира, се прават подготовки и во КБ Тетово – прво сме многу внимателни, мора да се дефинира и моментот на финансии за секоја здравствена институција и секоја здарвствена услуга. Во болницата во Битола имаме веќе тројца медицински сестри и еден физичар кои ќе работат шест месеци на Клиниката за онкологија за да може да се вратат во своите установи и таму да оплужуваат терапија, кажа тој.

    Во однос на потпишаниот меморандум за соработка со приватните здрасвтвени установи, кој првпат се случува, министерот Алиу појасни дека денеска веќе зборуваме за процес кој функционира.

    Здравствените работници вработени во приватниот сектор веќе работат со своите колеги од јавниот сектор и нудат здравствени услуги и ова функционира беспрекорно.

        – Според системот на ДРГ, нашите граѓани и сега услуги кои се дефинирани и ставени во листа на ФЗО и денеска граѓанинот може да бира каде да се лекува дали во приватна или јавна, но тоа не е доволно и затоа одиме чекор напред. Секој наш граѓанин во зависност од која здравствена услуга има потреба, ако не може да добие во примарното здравство таква услуга, а дефинирана е според здравствената патека дека треба таму да се добие и таму нема можност, тие средства нема да ги добиваат, туку ќе се насочуваат каде граѓанинот ги добил тие услуги, односно тие податоци ќе го следат пациентот, посочи Алиу.

    Прочитај повеќе

    Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави

    21.10.2026 во 22:30

    Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

    21.10.2026 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.