- Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
- Скокна цената на нафтата
- Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
- Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
- Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба
- Трагедија во Велс: Избодена жена починала откако со автомобил тргнала кон болница поради доцнење на брзата помош
- Русија повеќе нема да биде безбедна дури ни далеку од фронтот – Зеленски најави напади врз нови цели
- Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси
Author: Author 04
Општина Кисела Вода денеска изврши уривање на дивоградба во населбата „11 Октомври“. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај. Објектот беше отстранет по донесено решение, бидејќи не поседувал соодветни технички акти и никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар, информираа од локалната самоуправа. Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска нагласи дека законите мора да важат подеднакво за сите: „Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на било каков закон.“
Министерот за култура, Зоран Љутков, денеска информираше дека тендерот за избор на изведувач за изградба на новата Универзална сала не поминал. Како причина за неуспехот, Љутков наведе жалба поднесена до Комисијата за жалби, која се однесувала на изведувачот. „Според мене, тоа не е суштински проблем, но, како и да е, има известување од Комисијата. Наредната недела ќе го повториме тендерот“, изјави Љутков. Министерот призна дека овој пропуст ќе ја одложи работата за завршување на обновата за уште два месеци. Сепак, тој се надева дека новиот изведувач ќе биде избран до средината на јануари 2026 година.
Денеска (25.11.2025) година околу 10:00 часот од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага, на подрачје на ЕВР Гази Баба лишен од слобода е И.Ѓ.(26) од Гевгелија. Истиот се барал по издадена Централна потерница од Основен Суд Гевгелија за сторени кривични дела по чл.418-б “криумчарење мигранти” и 418-в ‘’организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти” за што е осуден на казна затвор во траење од осум години и шест месеци затвор. Лицето по приведувањето е предадено во КПУ-Затвор Идризово за понатамошна постапка.
Судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, денеска продолжи со изјаснување по однос на оштетни побарувања и кривичен прогон. Планираното изјаснување за вина на 37-те обвинети беше одложено откако Судот ги прифати приговорите на одбраната дека обвинението интегрирано со листата на докази не им е доставено на сите обвинети. Судијката Диана Груевска Илиевска најави дека Судот ќе изврши достава на сите обвинети во текот на денешниот и утрешниот ден. Сепак, Судот појасни дека не станува збор за ново обвинение, туку за интегриран текст без промена на фактичката состојба или правната квалификација. Обвинителството тврди…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, најави дека за многу кратко ќе биде позната цената на струјата што ЕСМ ќе ја понуди на тендер за потребите на домаќинствата. Иако не откри дали ќе се задржи досегашната цена од 62 евра за мегават час, премиерот потврди дека новата цена е веќе доставена до Владата и ќе биде дел од предлогот што тој ќе го достави на затворена седница. Мицкоски истакна една значајна промена во политиката на набавка: „Оваа година, бидејќи ќе биде годишен тендерот, нема да биде полугодишен како и досега, цената која што ќе ја понуди на тендерот ЕСМ, а ќе…
Вчера во 07.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во казино лоцирано на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице одзело пари и физички нападнал вработена во казиното. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање по што, против сторителот ќе биде поднесека соодветна пријава.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата “ по член 353 од Кривичниот законик. Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство. Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите…
Главната расправа за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска продолжи со поднесување оштетни побарувања, откако планираното изјаснување за вина на 37-те обвинети и воведните зборови на одбраната беа одложени. Одложувањето се случи поради забелешките на бранителите дека изменетиот текст на обвинението сè уште не им е доставен на нивните штитеници. Дел од бранителите побараа обвинението да биде преведено и на албански јазик. Кочанскиот обвинител Борче Јанев во судницата истакна загрижувачки нови информации поврзани со преживеаните: „Имало случаи каде лица првично по пожарот немале никакви повреди или симптоми… меѓутоа неколку месеци по пожарот веќе пријавуваат проблеми со дишење и други…
Фатена во огромниот скандал со ИПАРД тежок 130 милиони евра власта на Христијан Мицкоски прибегна кон единствено што знае: спнови и политички монитрани случаи, велат од СДСМ. „Власта ги оштети земјоделците за повеќе од 130 милиони евра со мега-корупциски скандал кој води директно до Трипуновски и Мицкоски и за кој нема никаква одговорност, ниту политичка ниту правна. Сега се обидува со монтирани обвинувања да дефокусира, да ја замајува јавноста и да се вади од сопствениот криминал во којшто е заглавена. Ваквите монтирани и неосновани пријави за Трајан Димковски, кој целосно ги разобличи сите злоупотреби на Министерството за земјоделство и неспособноста…
„Првата фаза е да го стабилизираме примарното здравство. Моментално на терциерно ниво имаме 70 отсто пациенти кои гравитираат кон Скопје, поконкретно во кампусот „Мајка Тереза“ заради примарно и секундарно здравство” – истакна министерот Алиу во „Топ Тема“ на Телма. Тој појасни дека се работи на регионализација, посебно во делот на онколошките услови, на амбулантско ниво. Градската болница е при крај, административната процедура е завршена за да може онколошките здравствени сервиси да ги нудат таму на амбулантско ниво. -Во КБ Битола исто така функционира, се прават подготовки и во КБ Тетово – прво сме многу внимателни, мора да се дефинира и…
