Author: Author 03

Градежен работник од Велес починал вчера, откако врз него паднал метален профил. Како што информира МВР, станува збор за Е.А. (23), а несреќата се случила во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на фабрика. Според МВР, Е.А. од здобиените повреди починал на самото место. Случајот бил пријавен вчера во 15:00 часот, во СВР Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Повеќе

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај. „Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми“, изјави Хоџа. Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и атмосферската канализација изнесува 85 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, и претставува дел од поширок пакет проекти со кои систематски се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните во општина Сарај. Наскоро ќе започне и уредувањето на…

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари средба со Н.Е. Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната стратешка соработка меѓу двете земји. Министерот Андоновски изрази благодарност до амбасадорката Варнс за континуираната поддршка од САД во процесите на модернизација на институциите и јакнење на сајбер-безбедноста. Тој истакна дека стратешкиот дијалог претставува основа за унапредување на економската, трговската и стратешката соработка меѓу двете држави, при што сајбер-безбедноста и дигитализацијата се меѓу клучните столбови на овој дијалог. Министерството за дигитална трансформација продолжува да гради партнерства и да работи на зајакнување на националните капацитети за сајбер-заштита,…

Повеќе

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Истражната постапка се темели на докази обезбедени врз основа на документација доставена од Министерството за внатрешни работи, како и од документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија добиена преку меѓународна правна помош. Според наводите во наредбата, осомничените, заедно со други засега неидентификувани лица, во…

Повеќе

Во услови кога младите во Северна Македонија се соочуваат со ограничени можности за активно учество во процесите на донесување одлуки и недоволно развиени механизми за нивно системско вклучување во креирањето и спроведувањето на политики, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а со поддршка од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ја спроведува четиридневната обука „Млади за локален мир и учество“, која се одржува од 19 до 22 февруари 2026 година во хотел Романтик во Велес. Обуката е дел од проектот „Youth Connect: Building Inclusive Participation through Local Partnerships“, кој…

Повеќе

Министерството за здравство подготви повеќе важни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се поставени на Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР. Сите засегнати страни имаат можност да достават свои сугестии и предлози, кои ќе бидат разгледани согласно утврдената процедура. -Се водиме од принципите на транспарентност и отчетност и сите конструктивни забелешки, мислења и сугестии ќе бидат земени во предвид во финалната верзија на новиот предлог закон за здравствена заштита. Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во делот на постапката за вработување здравствени работници и соработници во ЈЗУ, статусот на…

Повеќе

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен, a по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе достигне над 60 километри на час. Како што информира УХМР, за викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури. Следната недела минималната темература ќе биде во интервал од -4 до осум степени, а максималната од осум до 20 степени.

Повеќе

Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината. Согласно програмата, наскоро се предвидува поставување слободни интернет зони (Wi-Fi) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигитални услуги и информации на отворено. Користењето на Wi-Fi зоните е достапно 24 часа, седум дена во неделата, бесплатно и без лозинка, со вградени безбедносни ограничувања за заштита на корисниците. „Општина Центар е лидер во дигитализацијата на општинските услуги. Воспоставувањето на слободни интернет зони е пример како треба да функционира една современа општина, со безбедни и…

Повеќе

Ново сведоштво за притисоците и уцените на власта предводена од СДС и ДУИ кон правосудството, како и ново сведоштво за политичкиот прогон кој се водеше кон поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостување на поткаст на една од социјалните мрежи, сведочи дека откако одбил да донесе мислење за одреден случај како тогашен судија, за кој според него немало никаква основа да се донесе позитивно мислење, утредента поради непостапувањето бил разрешен, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, станува збор за случајот во кој поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за која…

Повеќе

Време е да се укине луксузот на власта а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме, парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, мебел, уредување кабинети, коли, нека направат ребаланс на Буџетот и да ги пренаменат парите за плати, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Тешкото секојдневие, високите сметки и цените на храната ги доведоа работницичките семејства на работ, тие не можат да врзат крај со крај. Над 200 илјадници работници…

Повеќе