Author: Author 03

Саиф ал-Ислам Гадафи, син на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, беше убиен на 53-годишна возраст. Наводно бил застрелан во западниот либиски град Зинтан, каде што живеел во последните десет години, објави Ал Џезира. Неговиот пат го одведе од очигледен наследник на неговиот татко, низ децении затвор во оддалечен планински град, до неуспешна претседателска кандидатура што на крајот го поткопа изборниот процес. Веста за неговата смрт беше потврдена во вторник од извори блиски до семејството, неговиот адвокат Халед ал-Заџди и либиските медиуми, но околностите официјално сè уште не се познати, пишува Ројтерс.

Повеќе

Од утре Македонија влегува во период на променливо време, информираат од УХМР. Се очекува зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат со променлив интензитет во различните делови на земјата. Иако времето ќе биде облачно, температурите ќе бидат во постепен пораст. Утрешниот ден ќе го одбележи и засилен ветер од југоисточен правец, кој дополнително ќе ја менува временската слика. На највисоките планински врвови дождот ќе премине во снег. Минималните утрински температури ќе се движат од 1° во Маврово до 7° во Гевгелија, а максималните дневни од 6° во Маврово до 11° во Гевгелија. Во Скопје се очекува…

Повеќе

Портпаролот на Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (СХАПЕ) денеска најави дека НАТО почна да ја планира воената мисија Арктичка стража. – Во тек е планирање на зголемени активности на НАТО наречена Арктичка стража, полковник Мартин Л. О’Донел. Тој не наведе повеќе детали за мисијата Арктичка стража. Германскиот весник „Шпигел“ објави дека НАТО планира да го зголеми военото присуство на Арктикот „за да го смири“ американскиот претседател Доналд Трамп, кој сака да ја преземе контролата врз Гренланд, со образложение дека европските сојузници не успеале соодветно да ја заштитат оваа стратешка територија од амбициите на Русија и Кина. Генералниот секретар…

Повеќе

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев во наредните неколку дена престојува во Соединетите Американски Држави како дел од владината делегација, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински во рамки на работната посета што опфаќа учество на 74. Национален молитвен појадок во Вашингтон, настан со долга традиција кој обединува политички лидери, верски заедници и претставници од целиот свет. -Посетата ја започнавме со работна средба со Козета Гарет, генерален менаџер за сајбер-безбедносни услуги во Microsoft, на која разговаравме за клучни прашања поврзани со заштитата на дигиталниот идентитет, безбедноста на националните е-услуги и современите пристапи…

Повеќе

Попладнево во населбата Трајаново Трло во Кочани се одржа протест против новиот закон кој предвидува одземање на возила управувани од лица без возачка дозвола. Учесниците во протестот запалија гуми на улицата „Цветан Димов“, поради што беше прекинат сообраќајот. По интервенцијата на противпожарната служба и полицијата, огнот беше изгаснат, а протестот заврши. Од надлежните институции најавија дека ќе постапат согласно закон, бидејќи палењето гуми и блокирањето на улици претставува нарушување на јавниот ред и мир.

Повеќе

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот.

Повеќе

Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов јавен обвинител, истакнувајќи дека судството е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Владата. „Судството е еден од големите предизвици со коишто се зафати оваа Влада, истражувањата знаете 2% доверба и огромната недоверба во судството претставуваше значаен проект со кој требаше да се зафати оваа Влада и затоа реформите во судството се дел од реформската агенда, како што рековме Законот за судски совет којшто го поминавме и…

Повеќе

„Со одлука на Владата, Скопјe ќе добие 100 нови, модерни и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневниот живот на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз“, напиша градоначалникот на Скопјe, Орце Ѓоргиевски, на Фејсбук. „Со голема одговорност ви ја објавувам веста што ќе значи нов почеток за нашиот град. Како што нагласи премиерот Христијан Мицкоски, Градот Скопјe ќе добие 100 автобуси и 50 полначи. Ова значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштитата на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што им го должиме на нашите деца…

Повеќе

Пејачката Милица Тодоровиќ се породила денеска во Белград, објави Телеграф.рс. Според првите информации, породувањето поминало добро, а мајката и бебето се чувствуваат одлично. Детали за полот на детето, како и други информации, засега не се познати. Среќната вест брзо се проширила, а честитки веќе пристигнуваат од сите страни. Се очекува пејачката или некој од нејзиниот тим наскоро да се огласи и да сподели повеќе информации за бебето и гордата мајка.

Повеќе