Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите

    Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите

    26.02.2026 во 17:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новиот Закон за високото образование не дискриминира. Тој бара меритократија, модуларност, повеќе практична настава, интернационализација и поголема соработка, поголема видливост на универзитетите и професорите, фокус на стручни студии и усовршување на вештини што досега ги немало во земјата, интензивирање на учеството на бизнис заедницата во дизајнот на студиските програми и нивна евалуација за адаптација на потребите на пазарот на труд. Законот се базира на политиките на оваа Влада за јавниот интерес на сите граѓани и на оваа држава. Крајно време и е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава. Универзитетот нема задача само да направи добар стручњак, тој треба да направи одговорна морална личност. За да може тоа да го направи, квалитетот на високото образование треба да се зголеми. Имаме консензус во државата по ова прашање.

    Ова го нагласи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната собраниска седница, во одговор на пратеничко прашање, појаснувајќи дека условот за објавување на трудови во двете реномирани бази на научни списанија, Web of science и Scopus, бидејќи се однесува на сите универзитети, не дискриминира никого. Јаневска рече дека в петок ќе се состане работната група за Законот за високото образование и ќе одлучи за дел од забелешките што беа дадени во текот на јавната расправа, а дел од предлозите се веќе имплементирани.

    Во врска со укажувањата поврзани со автономијата на универзитетот, министерката одговори дека не се задира во неа, а дека проблем за дел од професорите е што со новиот закон ќе треба да профункционира Советот на универзитетите.

    „Советот постоел и во претходниот закон, но не бил формиран, затоа што постоеле луѓе кои се плашеле да го формираат. Тоа е орган или тело, ќе се договориме како ќе се вика, чија главната улога е отчетност, да види што и како работат универзитетите. Не може универзитетите да се надвор од правниот систем. Советот бара отчетност како се трошат јавните парите, како функционира универзитетот, дали го исполнил својот план што тие сами ќе го предложат“, рече Јаневска.

    За правото на министерот да запре одлука на Сенатот ако утврди дека некој акт на универзитетот е противзаконски, рече дека е со точно пропишани услови, но дека дополнително побарала од правниците, професори по право да го дефинираат овој член и предлогот да го достават до МОН.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.