- Лоши вести: Цената на нафтата расте
- Беровчанец кривично ќе се гони – испраќал смс пораки со заканувачка содржина на јавен обвинител
- Измама во Скопје: Им ветиле државна работа, па им земале 152.000 денари
- Филипче: Муцунски денес признава дека НАТО е феноменална работа
- Ужас во скопски парк: Непристојно се однесувал кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото
- Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтенидеривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер
- Пожар во дуќан на „Серава“: Едно лице заврши во Ургентен центар откако вдишало чад
- Малолетник уценувал девојче од Скопје: 12-годишна малолетничка под закана испраќала експлицитни фотографии
Author: Author 03
Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се покажаа како лага, и на централно и на локално ниво – нема никаква разлика, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,Венко Филипче, во општина Гази Баба. Филипче потенцираше дека се потребни промени, а тоа може да се постигне преку локалните избори, додавајќи дека жителите на општина Гази Баба заслужуваат локална самоуправа што ќе ги слуша нивните потреби и ќе реализира проекти за подобар живот и развој на општината. „Потребни се промени, локалните избори се шанса да се испрати пораката дека граѓаните сакаат подобро, сакаат подобра Гази Баба. СДСМ на овие избори излегува со…
Експлозија се случи на пазар во турскиот град Демре, во регионот на Анталија, попладнево. Најмалку едно лице е убиено, а тројца се повредени, според агенцијата Анадолу. Експлозијата се случила во магацин на добро познат пазар за овошје и зеленчук. Властите започнаа истрага за да ја утврдат причината за експлозијата.
Данела Арсовска, нејзината неспособност и коалицијата со СДС и ДУИ ќе го остават Скопје повторно без јавен превоз, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. 1. Данела Арсовска треба да научи дека не може да користи услуги без да ги плати. 2. Пуцко Петрол е дел од ДУИ, со кои таа е во коалиција. 3. Пуцко Петрол е дел од постапка за која беше и во притвор, и тоа говори колку оваа власт сака да расчисти со такви структури. А од притвор го спасија менторите на Арсовска, судиите на СДС и ДУИ. 4. Против Пуцко Петрол има постапка за…
САД потврдија дека ќе го заштитат територијалниот интегритет на НАТО по серијата случаи кога Русија го наруши воздушниот простор на европски членки на Алијансата. „САД стојат рамо до рамо со своите сојузници во НАТО во справувањето со овие нарушувања на воздушниот простор. Сакам да ја искористам оваа прва прилика да повторам и нагласам дека САД и нашите сојузници ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“, изјави американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Волц, на денешната вонредна седница на Советот за безбедност во Њујорк. Тој оцени дека Русија мора веднаш да престане со „опасното однесување“ и наместо тоа да…
Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), досега се потврдени вкупно 303 кандидатски листи за градоначалници на општините и Градот Скопје, додека за членови на општинските совети и Советот на Град Скопје се потврдени 558 листи, соопшти вечерва прес-службата на ДИК. Во општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, ДИК информира дека продолжува проверката на листите поради отстранување на утврдени неправилности, согласно известувања од општинските изборни комисии. Во тек е процес на корекција на осум листи за градоначалници и 20 листи за членови на советите. Од досега доставените листи, пет за градоначалници се отфрлени – по една за…
Викендов во тетовското село Желино се случи инцидент кој предизвика бурни реакции во спортската јавност. На натпревар од Четвртата лига – тетовски регион, наместо македонската, беше пуштена албанската химна, пренесува sport1.mk. „Пред почетокот на натпреварот сите фудбалери се здружија и со гордост ја испеаја албанската химна, посебен момент кој покажа дека фудбалот не само спорт“, стои во дел од објавата на социјалните мрежи на екипата на Влазрими. Видеото може да го погледнете ТУКА.
Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените. Сиљановска-Давкова рече дека жените во светот, заедно со децата, се првите и најголемите жртви на војните, но исто така и носители на исцелување, сочувство и надеж. Учесниците во своите излагања се фокусираа на потребата од посветеност, обезбедување на соодветни ресурси и забрзување на имплементацијата на Пекиншката декларација и Платформата за акција. За таа цел, тие ја истакнаа важноста од конкретни и одржливи политики за постигнување на родова еднаквост и зајакнување на сите жени и…
На одбележувањето на 80-годишнината од основање на ООН, генералниот секретар, Антонио Гутереш, предупреди дека основните принципи на ОН се соочуваат со невидени закани. „Во овој момент, принципите на Обединетите нации се нападнати како никогаш досега“, рече Гутереш во своето обраќање пред Генералното собрание по повод годишнината. Генералниот секретар на ОН ги спомена актуелните кризи во кои „цивилите се цел на напади, а меѓународното право се гази во Газа, Украина, Судан и пошироко“, додека сиромаштијата и гладот растат глобално. Гутереш, исто така, ги истакна предизвиците на климатските промени: „Планетата гори, со пожари, поплави и рекордни топлотни бранови што беснеат низ климатскиот…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Настанот се случил во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“, на 21 септември, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од неговите мајка и татко. Таткото вознемирен веднаш го напуштил дворот, а пријавениот продолжил да и се обраќа на својата мајка со груби и навредливи зборови. Потоа и физички ја нападнал, започнал да ја влече со рацете за да и го земе телефонот,…
Најнов бунт во затвор во јужниот дел на Еквадор заврши трагично со 14 загинати и уште толку повредени, по жестоки судири меѓу ривалски затворски банди, соопшти началникот на полицијата, Вилијам Кале. Според информациите на полицијата, еден чувар е убиен, а неколку полициски службеници се киднапирани од страна на затворениците. Дел од затворениците успеале и да избегаат, но досега 13 бегалци се повторно приведени, изјави Кале за телевизиската мрежа Екуависа. Затворите во Еквадор веќе со години се огништe на насилство поврзано со нарко-картели и ривалски банди, кои водат борби за контрола врз внатрешната хиерархија и трговските канали. Само во изминатата деценија,…
