Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

    11.07.2026 во 15:42

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

    11.07.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид
    • Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз
    • Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп
    • Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
    • СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани
    • МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид
    • Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница
    • Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтенидеривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

    Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтенидеривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

    14.05.2026 во 14:193 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од 70  експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови технологии во областа на контролата на квалитетот, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија.

    На настанот учествуваат претставници од Северна Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји од регионот, кои преку стручни презентации и дискусии ќе разменуваат искуства за најновите стандарди, технологии и предизвици во секторот.

    Во своето поздраво обраќање, главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, истакна дека поддршката на вакви професионални и регионални иницијативи е целосно усогласена со долгорочната стратегија на компанијата.

    „За ОКТА, поддршката на платформи како овој Симпозиум претставува инвестиција во знаење, соработка и регионално поврзување. Размената на искуства и добри практики помеѓу експертите и институциите од регионот е од исклучително значење за понатамошниот развој на секторот и за обезбедување највисоки стандарди за квалитет и безбедност, во интерес на потрошувачите и економијата. Како компанија ОКТА веќе одамна ја надминува улогата на најголем снабдувач на домашниот пазар и се развива во регионален енергетски центар, а токму нашата поддршка во развојот на ваквите партнерства и професионални мрежи се важен дел од таа визија“, изјави Пасхос.

    Од Организацискиот комитет на Симпозиумот беше истакнато дека јубилејното десетто издание претставува потврда за растечкото значење на овој стручен собир во регионот.

    „Во изминатите десет години Симпозиумот прерасна во препознатлива регионална платформа за професионална комуникација и соработка помеѓу лабораториите, институциите и компаниите од нафтениот сектор. Во време на сè построги стандарди, технолошки промени и потреба од поголема усогласеност со европските регулативи, ваквите настани имаат особено значење за унапредување на квалитетот, сигурноста и довербата во целиот синџир на снабдување со горива“, истакна Данијела Јовиќ, претставник на организацискиот комитет на Симпозиумот.

    Симпозиумот го отвори градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, а преку видео обраќање го поздрави и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Соња Божиновска, која ја нагласи важноста на лабораториите и контролата на квалитетот во енергетскиот сектор, како и потребата од континуирана модернизација, регионална соработка и усогласување со европските стандарди.

    Присуството на претставници од Министерството за енергетика, како и видео обраќањето на министерката, претставуваат силна институционална поддршка за улогата на лабораториите во системот за контрола на квалитетот на горивата, но и признание за достигнувањата на Симпозиумот и неговиот потенцијал да прерасне во уште поширока регионална и меѓународна платформа за размена на искуства и експертиза.

    Во рамки на Симпозиумот беше потенцирана и важноста на модернизацијата и дигитализацијата на лабораториските капацитети, како предуслов за поголема точност, доверливост и усогласеност со највисоките европски и меѓународни стандарди. Во тој контекст беше истакнат примерот на ОКТА, која во изминатиот период изврши модернизација и дигитализација на опремата за тестирање во својата лабораторија за контрола на квалитетот на горивата, со што таа го задржа својот статус на една од најсовремените капацитети од ваков тип во регионот. Лабораторијата на ОКТА е прва акредитирана лабораторија од ваков тип во земјата и функционира согласно највисоките европски и американски стандарди, обезбедувајќи контрола и анализи не само за потребите на компанијата, туку и за други увозници, институции и компании од земјата и регионот.

    Учесниците на Симпозиумот нагласија дека иднината на секторот ќе зависи од уште поголема регионална соработка, размена на знаење, воведување нови технологии и постојано унапредување на системите за контрола и мониторинг на квалитетот на горивата, во интерес на потрошувачите, индустријата и животната средина.

    Прочитај повеќе

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

    11.07.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.