- Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
- Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
- Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
- Филипче: Кој е сега предавник?
- Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
- Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
- Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
- Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
Author: Author 03
До утрово до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а изгаснати се 23, информираат од Центарот за управување со кризи. Споредс ЦУК, активни се три пожари – во општина Гевгелија, Кожуф планина, кај село Пeтрово (букова шума), општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат), општина Студеничани, помеѓу селата Цветово и Драчевица, м.в.Умoво (шума). Под контрола се четири пожари во општина Гази Баба, село Трубарево (електричен отпад), општина Гази Баба 2, село Виниче, м.в. Муратица (нискостеблеста шума), општина…
Пожар избувна ноќеска околу десет минути до два часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле. Во пожарот е опожарена една куќа и помошна просторија. Според изјави на очевидци кои биле на местото на настанот, пожарот се појавил позади помошната просторија која се наоѓа во близина на куќата. Во тек е увид на местото на пожарот.
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утрото ќе биде посвежо. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, слично време со минимална температура до 12 и максимална до 33 степени. До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината, а веќе од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок, врнежите ќе бидат проследени со локална појава на грмежи, а ќе дува умерен до засилен…
Без струја утре од 12:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од ул.„Кумановска“ во општина Кисела Вода. Информацијата за прекинот на струја ја пренесува РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД.
Времето покажа дека нема значително зголемување на бројот на пријавени кандидатури од независни листи, рече претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, вечерва во интервју за „360 степени“ на МРТ. Кондарко посочи дека споредено со минатите локални избори што се одржаа во 2021 година, разликата во бројот на поднесени листи е минимална. Во 2021 година имало 27 политички партии, 7 коалиции и 91 независна листа од група избирачи, а сега има 22 политички партии, 19 коалиции и 119 поднесени листи. – Значи сè уште оперирам со терминот поднесени листи, во текот на денот ќе се објави бројот на потврдени…
Контејнерите вечерва во Кисела Вода се преполни со отпад. Од фотографиите може да се забележи дека контејнерите се преполни со смет, а ѓубре има и надвор од нив. Револтирани граѓани се жалат на непријатната миризба.
Според толкувањето на астролозите, постојат три датуми кои носат неверојатна енергија и луѓето родени токму тогаш имаат најголема шанса да постигнат голем успех. Некои датуми во астрологијата се сметаат за енергетски портали, бидејќи отвораат врата кон нови можности и носат силен поттик за успех. Оние кои го слават својот роденден тогаш, особено до 2031 година, би можеле да доживеат извонредни промени и напредок. 8 август Датум 8.8. симболизира бесконечност и моќ и спаѓа под знакот на Лав, кој претставува самодоверба и креативност. Родените на овој ден имаат природен дар за истакнување и тенденција да бидат во центарот на вниманието. Пред…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше на министерска тркалезна маса во Њујорк, посветена на темата: „Промоција и заштита на човековите права преку реформата на ОН 80“. Настанот беше организиран по покана на министрите за надворешни работи на Холандија и Чиле. Во своето обраќање, Муцунски потенцираше дека годината во која се одбележуваат 80 години од основањето на Обединетите нации е историска можност не само за славење на досегашните достигнувања, туку и за соочување со новите глобални предизвици што директно ги засегаат човековите права. „Иако организацијата има значаен придонес, светот и понатаму се соочува со сериозни закани…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Генералното собрание на Обединетите нации објави дека Франција ја признава Државата Палестина. Тој ја соопшти одлуката на отворањето на Конференцијата за мирно решавање на палестинското прашање и примената на концептот за две држави. -Доаѓа моментот да го запреме насилството. Доаѓа моментот за мир, изјави Макрон. – Ангажманот кон мирот е единствениот пат кон спасение, додаде тој. Францускиот претседател истакна дека ова признавање отвора пат за мирно решавање на конфликтот на Блискиот Исток.
Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата 24 Анализа на телевизија 24. Тој зборуваше на актуелната тема за претстојните локални избори во земјава, и истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води на сите истражувања на јавното мислење, а самиот тој очекува убедлива победа. Според него, градоначалничката трка за Град Скопје има посебна тежина, но сите општини добиваат внимание, а кандидатите активно ја претставуваат својата програма и својата визија. ,, Она коешто го гледаме од анкетите е дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите истражувања на јавното мислење и тоа не е од сега туку…
